Мени
vistinomer_logo

Белгија: „Софтверот со отворен код спречува појава на монополи и ја зголемува иновацијата“

„Софтверот со отворен код спречува монополи, помага во споделувањето на знаење и ги зголемува општествените иновации“, вели Винсент Ван Квикенборн, белгискиот министер за поедноставување на администрацијата. 

Тој очекува дека јавната администрација сè повеќе ќе го применува овој вид на софтвер, делумно поради тоа што со него се намалуваат трошоците. Министерот Ван Квикенборн со неговиот говор ја отвори работилницата за слободен софтвер за јавните администрации, организирана од страна на Министерството за економија во Брисел, на12 март, 2010 г.

Според министерот, софтверот со отворен код е во голема мера навлезен во јавната администрација на Белгија.  Како пример, тој го посочи слободниот софтвер којшто е достапен за користење на националната електронска лична карта. „Заедницата ни помага во развивањето на овие апликации. Целата јавна администрација треба да сфати дека споделувањето на знаењето е подобро отколку да го чуваме во тајност“.

„Овој вид на софтвер е подобар за јавните администрации. Подобро е да се користат таквите отворени и научни методи отколку алатките развиени од триста софтверски инженери заклучени во една просторија“.

„Тoa е сектор во кој Белгија исто така може да игра водечка улога, како што е прикажано со системот за управување со содржини Друпал, оригинално создаден од Dries Buytaert, кој го користи Белата куќа во САД.

Тој ги повика сите државни службеници присутни на работилницата да станат амбасадори на софтверот со отворен код.

Извор: OSOR.eu “BE: Minister: “Open source prevents monopolies, increases innovation” 17 март, 2010.

Белгија: „Софтверот со отворен код спречува појава на монополи и ја зголемува иновацијата“

„Софтверот со отворен код спречува монополи, помага во споделувањето на знаење и ги зголемува општествените иновации“, вели Винсент Ван Квикенборн, белгискиот министер за поедноставување на администрацијата.  Тој очекува дека јавната администрација сè повеќе ќе го применува овој вид на софтвер, делумно поради тоа што со него се намалуваат трошоците.

Министерот Ван Квикенборн со неговиот говор ја отвори работилницата за слободен софтвер за јавните администрации, организирана од страна на Министерството за економија во Брисел, на12 март, 2010 г.

Според министерот, софтверот со отворен код е во голема мера навлезен во јавната администрација на Белгија.  Како пример, тој го посочи слободниот софтвер којшто е достапен за користење на националната електронска лична карта. „Заедницата ни помага во развивањето на овие апликации. Целата јавна администрација треба да сфати дека споделувањето на знаењето е подобро отколку да го чуваме во тајност“.

„Овој вид на софтвер е подобар за јавните администрации. Подобро е да се користат таквите отворени и научни методи отколку алатките развиени од триста софтверски инженери заклучени во една просторија“.

„Тoa е сектор во кој Белгија исто така може да игра водечка улога, како што е прикажано со системот за управување со содржини Друпал, оригинално создаден од Dries Buytaert, кој го користи Белата куќа во САД.

Тој ги повика сите државни службеници присутни на работилницата да станат амбасадори на софтверот со отворен код.

Поврзани натписи