Мени

Центар за интернет и општество – Беркман: Повик за апликации за стипендии

Центарот за интернет и општество – Беркман при Универзитетот Харвард го објави овогодишниот повик за апликации за стипендии.

Ова е можност за сите оние што сакаат да ја поминат академската 2013-2014 година престојувајќи во Кембриџ, како дел од заедницата пионери на Беркман и оние кои сакаат интензивно да учествуваат по пат на соработка во повеќе-дисциплинско и повеќе-секторско истражување на некои од најинтересните, најпредизвикувачки, и најрелевантни прашања поврзани со интернетот.

Центарот за интернет и општество – Беркман ќе прима апликации од оние кои работат на прашања поврзани со интернет и општество и кои се запознаени со работата на центарот Беркман, како и оние кои не се, оние кои студираат за прашања кои се поклопуваат со тековните интереси на Беркман и оние кои ќе му овозможат нови можности и пристапи на Центарот; научници, лекари, иноватори и други посветени на разбирање и унапредување на јавниот интерес; оние кои доаѓаат од или имаат интерес за индустријализираните земји или земјите во развој, како и од луѓе кои се на почетокот на својата работа, сред работата, или кои се нетрпеливи да ги споделат своите размислувања во врска со работата. Стипендиите ќе се доделуваат на индивидуално ниво.

Крајниот рок за пријавување е 6 јануари, 2013г. 23:59ч.

Повеќе информации за овој повик за апликации

Поврзани натписи