Мени

Дали се ближи крајот на Netscape?

Отпуштањата на AOL може да значат дека животот на Browser-от е ограничен.

Посмртни камбани бијат за Netscape browser-от, велат аналитичарите, откако во средината на Јули AOL извршија отпуштања на околу 50-тина Netscape-софтерски работници. Основната намера е да се насочат кон Mozilla browser-технологијата.

AOL oсознаа дека времето, напорoт и средствата потребни за развој на сопствен browser се огромни, особено во окружување во кое најголем број Internet корисници го употребуваат Internet Explorer.

Акциите на AOL можеби значат крај за Netscape, но во исто време може да се сфатат како почеток на Mozilla browser-от. Формирана е Mozilla Foundation, која во наредните 2 години ќе биде финансирана од AOL, во која ќе работат неколкумина софтверски работници од AOL и која ќе биде задолжена да го промовира Mozilla browser-от и e-mail-софтверот.

И покрај изјавите на повеќе истражувачи дека после ова не очекуваат нова верзија на Netscape browser-от, претставникот на AOL, Andrew Weinsten, ги отфрли обвинувањата дека се ближи неговиот крај, изјавувајќи дека ќе продолжат и понатаму да го поддржуваат и вклучуваат во нивната стратегија.

Последното издание на browser-от се случи во Август 2002, кога излезе верзијата 7.0., иако според некои новинарски извештаи, повеќето Netscape корисници никогаш не ја надградиле својата верзија 4.7.

Netscape беше најпопуларен browser во првите години на Web историјата. Во средина на 90-те, со појавата на Inernet Explorer на Microsoft, неговиот примат почна да се губи.

Во Јуни 2003, Internet Explorer учествуваше со 94 проценти на пазарот, оставајќи го учеството од само 5 проценти да го делат Netscape, Apple Computer`s Safari, Opera, Mozilla и други.

Иако Netscape browser-от е можеби во својата смртна постела, сеуште има многу живот во него. Вредноста на организацијата и брендот сеуште не се загубени-се согласуваат аналитичарите.

Поврзани натписи