Мени

Ден на јавниот домен 2011

Со Денот на јавниот домен се одбележува прославата по повод импресивното богатство од знаење, информации и убави дела што му стануваат бесплатно достапни на човештвото секоја година на 1 јануари.

Секоја година, на Денот на Нова Година, поради истекот на заштитата на авторските права на делата од автори кои починале пред неколку децении, илјадници дела всушност преминуваат во јавниот домен – т.е. нивната содржина повеќе никој не ја поседува ниту контролира, туку станува заедничко богатство, достапно за секој да може слободно да го користи за каква било намена.

Таквите дела исто така може да бидат основа за нови творби; луѓето на пр. може да преобразат една поема во текст за песна, или да снимат филм врз основа на роман од јавниот домен (проверете во вашите локални кина колку често тоа се случува!). Литературните дела може да се објавуваат на личен веб-сајт и/или да се печатат за пријателите или за дистрибуција во училиштата. Секако, можете да одлучите и професионално да отпечатите убаво издание со тврд повез на книга од јавниот домен и истата да ја продавате за профит, но содржината на книгата да остане достапна за секој да може слободно да ја користи. Истото важи и за фотографии, уметнички дела и други видови на креативни дела кои влегуваат во јавниот домен по истекот на периодот на заштита на авторските права.

Веб-сајтот на Денот на јавниот домен (1 јануари, секоја година) е иницијатива на КОМУНИЈА, Европската тематска мрежа за дигиталниот јавен домен, со посебна поддршка од Фондацијата Отворено знаење (Обединето Кралство) и Центарот за проучување на јавниот домен на Универзитетот Дјук (САД). Целта е да се подигне свеста во целиот свет за улогата на јавниот домен во нашите општества и да се обезбедат ресурси и информации. Слободно можете да го разгледате веб-сајтот и сродните линкови и интернет-страници – за да најдете поголема инспирација и да уживате во креативната и претприемачка слобода што му се овозможува на секој благодарение на јавниот домен.

Прослави на Денот на јавниот домен:


Извор: Publicdomainday.org „To celebrate the role of the public domain in our societies“

Поврзани натписи