Мени

Дигитална агенда: ЕУ и САД потпишаа заедничка декларација за побезбеден интернет за децата

Потпретседателот на Европската Комисија за дигиталната агенда Нели Крос и американскиот државен секретар за внатрешна безбедност Џенет Наполитано потпишаа заедничка декларација во Лондон, со заложба интернетот да се направи побезбедно и подобро место за децата.


Во Декларацијата, потпретседател Крос и секретарот Наполитано:

  • се согласуваат да спроведуваат заеднички кампањи по повод Денот на побезбеден интернет. Како прв чекор, американското Министерство за внатрешна безбедност има намера да учествува Денот на ЕУ за побезбеден интернет за младите, на 5 февруари 2013 година.
  • се обврзуваат во блиска иднина да придонесат за меѓународната соработка во борбата против сексуална злоупотреба на деца на интернет. Тоа ќе се заснова врз постојната работа на Виртуелната глобална работна група и Интерпол за соработка на полициските агенции во борбата против сексуалната злоупотреба на деца низ целиот свет. Меѓународната соработка е од суштинско значење ако сакаме да бидеме ефикасни во борбата против сексуалната злоупотреба на децата на интернет.
  • потврдуваат дека родителите и старателите треба да имаат доверба во содржините и услугите до кои имаат пристап нивните деца и се обврзуваат да продолжат да соработуваат со индустријата и со други заинтересирани страни, за да можат родителите и децата да бидат информирани при нивните одлуки на интернет.

Со оваа декларација се надоврзува на другите иницијативи на Европската комисија за безбедност на децата во дигиталниот свет. Во овие иницијативи спаѓа и Стратегијата на ЕУ за побезбеден интернет и подобри содржини на интернет за деца и млади претставена оваа година и коалицијата од врвни технолошки и медиумски компании (со посредство од Европската комисија) чија цел е да го направи интернетот подобро место за нашите деца

Извор: Europe's Information Society „Digital Agenda: EU and US sign joint declaration to make the internet safer for kids“

Поврзани натписи