Мени
on.jpg

Експерти од Интерпол ќе ги бркаат хакерите

Експерти од Интерпол биле вклучени во потрагата по хакерите што во изминатиов период континуирано ја напаѓаат мрежата на интернет- провајдерот „Он.нет“

Експерти од Интерпол биле вклучени во потрагата по хакерите што во изминатиов период континуирано ја напаѓаат мрежата на интернет- провајдерот „Он.нет“. Предраг Чемерикиќ, директор на компанијата, вчера рече дека е во тек набавка на нова техничка опрема, со која во иднина треба да се заштитат корисниците од слични напади.

Во „Он.нет“ информираа дека подолг период хакери ги напаѓаат линковите на интернет-корисниците на тој начин што испраќаат огромен број барања и податоци и со тоа го задушуваат нормалниот протек на интернет.

– Околу 10 отсто од нашите корисници се жртви на овие напади, кои траат околу еден час дневно. Ангажиравме експерти, кои се обидуваат да им влезат во трагата на лицата што ги извршуваат упадите. Едноставно решение за оваа појава нема и поради тоа ќе инсталираме техничка поддршка со која во иднина треба да се заштитиме од слични напади. Ги информиравме нашите корисници за причините што ја предизвикаа оваа состојба и им најавивме дека ќе ја коригираме цената на услугата доколку квалитетот на интернет-врската во иднина не ги задоволува договорените стандарди – вели Чемерикиќ. Тој најави дека најдоцна за три месеци „Он.нет“ ќе им понуди услуги во фиксната телефонија на македонските граѓани. Најавата од „Он.нет“ доаѓа откако Агенцијата за електронски комуникации, по неколкумесечно одложување, конечно ја одобри референтната понуда од Телекомот за цените што ќе ги наплаќа за отстапување на телекомуникациската инфраструктура на други оператори.

– Точно е дека сме подготвени да бидеме првата фирма што ќе склучи договор за интерконекција со Телекомот и на граѓаните ќе им понудиме алтернатива во телефонските услуги. Тоа значи дека тие ќе имаат избор за повикување во фиксната и во мобилната телефонија и за домашните и за меѓународните разговори – вели Чемерикиќ.

Во „Он.нет“ информираа дека граѓаните веќе имаат пристап до безжичен интернет со АДСЛ-брзина на целата територија на Македонија и дека тоа ги чини околу 2.000 денари. Оттаму додаваат дека е во тек поставување на приемниците за вај-фај пристап до интернет во уште три скопски населби, по што за околу еден месец ќе се пушти во комерцијална употреба и оваа интернет-врска. Овој провајдер најавува и дајл ап-пристап до интернет, кој ќе биде за најмалку 30 отсто поевтин од понудите на конкурентите. Оттаму велат дека се решиле на овој чекор бидејќи повеќе од 60.000 граѓани се уште се приклучуваат на интернет преку телефонските апарати.

„Oн.нет“ прослави пет години
 
Со „Он.нет“ интернет и во село Зрзе

on.jpg 

Пристап до безжичен интернет на целата територија на Македонија, бесплатен пристап до интернет за околу 200.000 ученици, вај-фај интернет-мрежа на територијата на Скопје, поевтини меѓународни разговори… Ова е само дел од проектите што лани ги реализира интернет-провајдерот „Он нет“, соопшти вчера Предраг Чемерикиќ, директор на компанијата, на прославата по повод пет години постоење.
– Реализиравме неколку проекти за зголемување на бројот на корисниците на интернет, така што преку телекомуникациската мрежа на „Он.нет“ сега пристап до интернет има и во селото Зрзе. Наскоро ќе бидеме првата фирма што на граѓаните ќе им понуди алтернатива во фиксната телефонија – вели Чемерикиќ.

Владимир Николоски
Извор: Време

Поврзани натписи