Мени

ЕУ нишани кон Spam-от

Европската Комисија ветува конкретни акции од Октомври

Европската комисија ги соопшти своите планови за борба против spam-от, ветувајќи конкретни акции од Октомври годинава.

Истражувањето изведено од страна на Европската Комисија покажува дека до крајот на летово повеќе од половина e-mail-ови во Европската Унијата ке бидат spam.

-„Spam претставува еден од најзначајните проблеми со кои се соочува интернет денес. Затоа борбата против него треба да биде предмет на интерес за сите нас„-изјави Erkki Liikanen, Европски комесар за Enterprise and Information Society.

Конкретната акција ќе се фокусира на ефективно принудување, базирано на меѓународна соработка. Ќе бидат применети технички мерки на задавање на противудар на spam-от, зголемување на свесноста за ова прашање кај корисниците.

Плановите на Комисијата се дизајнирани да се согласуваат со новиот закон за заштита на податоците, кој забранува несакано испраќање на е-mail.

Овие директиви се очекува да бидат применети во законите на петнаесетте земји членки на ЕУ во Октомври.

Со законот за заштита на податоците, e-mail маркетингот ќе биде дозволен само со претходна согласност од примачот. Ваквиот пристап сепак им дозволува на маркетинг компаниите да ги таргетират постоечките потрошувачи.

Поврзани натписи