Мени

Европскиот парламент ќе одлучува за иднината на отворениот интернет

Интернетот го смени нашето општество, ги зголеми нашите слободи и ја подобри нашата економија. Една од главните причини за тоа е отвореноста на интернетот – секој има можност да комуницира со секого, без дозвола и без дискриминација. Тоа е суштината на неутралниот и отворен интернет. Тоа е неутралноста на интернетот.

Оваа отвореност сега е загрозена, бидејќи телекомуникациските оператори бараат да се ограничи пристапот до интернет за да ја зголемат нивната краткорочна добивка – заменувајќи ја неутралноста со ограничувања, бариери и комплексност.

„Со години чекавме конкретни предлози за да го овековечиме принципот за неутралност на интернетот во правото на Европската унија. По 2010 година се зголеми и бројот на апели од Европскиот парламент за гарантирање на неутралноста на интернетот. Конечно, во септември 2011 година, Европската комисија предложи нацрт-регулатива која има за цел да го заштити отворениот интернет во Европа“. Потпретседателот Нили Крос на неколку наврати изјави и дека оваа нацрт-регулатива ќе го вклучува „правото на неутралност на интернетот“.

Добрата вест е дека се потребни само неколку модификации за да се претвори предлогот на Комисијата во значајно средство за заштита на неутралноста на интернетот, на тој начин обезбедувајќи дека интернетот ќе продолжи да функционира како единствен пазар без бариери и како уникатна платформа за општествени и културни активности и демократски дискурс.

Измените и дополнувањата може да се преземат овде (PDF).

Извор: ЕДРИ-грам „European Parliament to decide on the future of the open Internet“ 26 ноември, 2013.

 

Поврзани натписи