Мени

Фејсбук открива „поедноставени“ промени во опциите за приватност

Социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека ќе понуди едно место за нагодување на сите поставки за приватност, како одговор на загриженоста на корисниците.

Основачот на Фејсбук – Марк Цукерберг призна дека поставките „станале комплицирани“ за корисниците. Изјавата доаѓа по бурата од протести на корисниците во врска со големиот број промени на сајтот поради кои корисниците не беа сигурни колку всушност станале јавни нивните информации.

„Беше потребно да ги поедноставиме контролите“, изјави Цукерберг на прес-конференција. „Ние сакаме луѓето да имаат можност да разменуваат информации на начинот што тие го сакаат“, изјави за BBC News. „Нашата цел не е да ги направиме вашите информации поприватни или поотворени“

Новиот систем ќе им понуди на корисниците една страница за приватност со список од сите нивни апликации и избор од три поставки за секоја апликација. Редизајнираната страница за приватност им овозможува на корисниците да ги видат сите нивни информации во само една табела и да ги изберат поставките за приватност за секоја информација. Фејсбук ќе предложи и стандардни поставки. Како и со промените направени во декември, корисниците ќе имаат можност да изберат да ги споделат своите апликации само со нивните пријатели, со пријателите на нивните пријатели, или пак со секого.

„Се фокусиравме на три работи: едно единствено место за контрола на вашите содржини, помоќни контроли за вашите основни информации и лесна контрола за исклучување на сите апликации“, изјави Марк Цукерберг, говорејќи од седиштето на Фејсбук во Пало Алто.

Луѓето кои сакаат подетална контрола сè уште ќе можат да пристапуваат до постојните поставки. Фејсбук исто така ја намали количината на информации којашто е видлива за сите. Луѓето сега ќе имаат можност да контролираат кој ги гледа нивните страници на интерес или листи со пријатели.

Корисниците исто така ќе можат да ги исклучат апликациите за да обезбедат дека не се споделуваат информации без нивна согласност. Една од работите кои корисниците ги сметаа за комплицирани беше и потребата да се применуваат нови поставки за секоја нова функција што се воведуваше на сајтот.

Од денес, без оглед што ќе изберат корисниците да споделат на Фејсбук, тоа автоматски ќе се применува за сите нови функции. Првичните реакции на овие промени беа дали Фејсбук направил доволно.

Извор: BBC News “Facebook reveals ‘simplified’ privacy changes” 26 мај, 2010.