Мени

Финска: Општините сè повеќе заинтересирани за софтверот со отворен код

Се зголемува бројот на фински општини што применуваат софтвер со отворен код.

Според анкета на Здружението на фински локални и регионални власти (AFLRA), повеќе од 80% од финските општини користат софтвер со отворен код. Пред четири години (2006г.), само 57% од општините инвестираа во софтвер со отворен код.

Со софтверот со отворен код, финските општини имаат цел да остварат заштеда на трошоци за лиценцирање. На пример, само во Хелсинки лиценците за десктоп компјутерите и канцеларискиот софтвер чинат речиси 5 милиони евра годишно; трошоците за лиценци сè на врвот на листата со трошоци за различни компјутерски системи и сервери. Поради тоа, во ноември 2010 година, општинскиот совет на Хелсинки одлучи дека градот ќе го испроба софтверот со отворен код на десктоп компјутерите.

Исто така, училиштата покажа интерес за системи базирани на софтвер со отворен код; учениците сега имаат и т.н. тин терминали (тин-клиенти) и софтвер за ротирање на оперативниот систем Линукс базиран на серверот. Финските општински училишта мигрираа кон систем базиран на софтвер со отворен код пред три години и како резултат на тоа остварија значителни заштеди.

Коментирајќи го овој потег, претставникот на Министерството за образование –  Анти Ронка објасни дека со заштитените софтверски системи, училиштата „биле навикнати да купуваат програми со одредена цел“, додека „сега, со системот базиран на софтвер со отворен код, набавуваме услуги преку тендер кои самите ги дефинираме. Пример за ова е Интранет сајтот за ученици, прилагоден само за нас со помош на софтверот со отворен код“.

Извор: OSOR.eu “FI: Municipalities increasingly interested in open source software” 25 јануари, 2011.

Поврзани натписи