Мени
Govor na omraza-01

Франција планира да воведе нов данок за Google, Yahoo и Facebook

Францускиот претседател Никола Саркози држи цврста позиција во однос на регулирањето на дигиталните содржини.

Google и други интернет компании би можеле да бидат оданочувани според плановите кои моментално ги разгледува француската влада. Во извештајот, подготвен од Владата, се укажува дека фирмите како што се Google, Yahoo и Facebook треба да плаќаат нов данок на своите приходи од огласи на интернет. Парите можат да се искористат за финансирање на легални алтернативи за купување на книги, филмови и музика на интернет.

Но критичарите велат дека данокот ќе биде тешко да се имплементира, а Google вели дека со данокот би можела да се забави иновацијата. Претседателот Никола Саркози држи цврста позиција во однос на сè поголемата доминација на дигиталните содржини.

Франција тукушто го воведе новото строго законодавство наменето за исклучување на оние кои упорно и нелегално преземаат содржини од интернет. Франција исто така се соочува со Google и неговите планови за дигитализација на светските книги, со еден проект за воспоставување на своја дигитална библиотека, финансиран од страна на владата со 700 милиони фунти. Франција исто така размислува за воведување на закон со кој на интернет корисниците би им се дало можност да ги бришат старите податоци за нив.

Предлозите за данок на содржините се сè уште во почетна фаза, и има малку детали околу тоа како точно ќе функционира. Патрик Зелник, кој придонесе за извештајот и е, исто така, основач на издавачката куќа на жената на францускиот претседател, се надева дека идејата ќе биде земена предвид низ ЕУ.

Но, Google е меѓу оние кои се спротивставија на планот. „Ние не мислиме дека воведувањето на дополнителен данок на интернет рекламирањето е вистинскиот чекор напред, бидејќи со тоа може да се забави иновацијата“, вели Оливие Еспер, висок менаџер за политики на Google во Франција.

Подобар начин за поддршка на создавањето на содржините е да се најдат нови бизнис модели кои им помагаат на потрошувачите да најдат одлични содржини и воедно се наградуваат уметниците и издавачите за нивната работа“.

Извор: BBC News “France considers tax for Google, Yahoo and Facebook” 8 јануари, 2010.

Поврзани натписи