Мени

Франција: притисок врз интернет провајдерите за борба против нелегалното споделување на датотеки

Кристин Албанел, францускиот министер за култура и комуникации ги собра нејзините европски истомисленици на неформален состанок во Версај на 21 и 22 јули, 2008 г. во обид да го протурка во Европа францускиот модел на закон Хадопи.

Некои од главните прашања за кои се разговараше за време на состанокот беа пиратството, реформата на телекомуникациите, проектот за Европско наследство и нелегалната трговија со предмети од културно значење. Голем дел од дискусиите на состанокот беа насочени кон авторските права и нелегалното споделување на датотеки преку интернет. Без да се обесхрабри поради големиот отпор на нацрт-законот за творештво и интернет (т.н. закон Хадопи), француската министерка уште еднаш ја искористи можноста на Европа да и го понуди францускиот систем како придонес на Франција за телекомуникацискиот пакет на ЕУ.

Албанел ја изрази својата загриженост за недостигот на усогласеност на методите за борба против нелегалното споделување на датотеки на европско ниво: „Борбата против пиратската музика, аудиовизуелните и кинематографски дела се наметна во нашите дебати како нешто со најголема важност. (…) Таа, без сомнение комплексно и деликатно прашање чиешто решение нема да зависи од само една категорија на „играчи“, туку напротив, ќе зависи од зголемената соработка помеѓу разните вклучени страни.“

Министерот продолжи да ја нагласува важноста на интернет провајдерите во борбата против нелегалното споделување на датотеки: „интернет провајдерите и телекомуникациските оператори треба да играат важна улога – како што тоа го прават некои од нив во рамките на професионални договори, со тоа што ќе ја подигнат свеста на нивните претплатници и систематски ќе ги снабдуваат со информации“ алудирајќи на постепениот систем на одговори предложен со францускиот закон со кој операторите и интернет провајдерите ќе се обврзат да испраќаат предупредувачки пораки издадени од Високиот орган за распространување на делата и заштита на авторските права (Хадопи). Текстот во нацрт-законот сè уште се соочува со отпор од Европскиот парламент, интернет провајдерите и здруженијата на потрошувачи.

Министрите се договорија дека има потреба да се информира општеството за последиците од интернет пиратството и ја подвлекоа потребата за одржување на рамнотежата помеѓу економските ограничувања и целите од јавен интерес. Комесарот Вивиен Рединг предложи интернет провајдерите да бидат обврзани да ги информираат клиентите за легислативата поврзана со авторските права и „последиците од пиратството“  кога потпишуваат договор.

Некои „анти-пиратски“ мерки би можеле да се појават во телекомуникацискиот пакет за што ќе се дебатира од страна на Европскиот парламент ан 22-ри септември 2008 г. Исто така, оваа есен, францускиот сенат ќе го изврши првото читање на законот Хадопи.

Во меѓувреме, владата на Велика Британија издаде документ за јавна консултација околу законодавните можности за осврнување на нелегалното споделување на датотеки (пир-ту-пир).

Main results of the informal meeting of Ministers for Culture and Audiovisual Affairs – Versailles, 21-22 July 2008

Internet Piracy: the providers must inform their clients (only in French, 23.07.2008)

Piracy: Bruxelles wants to inform, Paris wants an active role of ISPs (only in French, 24.07.2008)

Hadopi law: the ISPs show their mistrust (only in French, 25.06.2008)

Hadopi: is it for ISPs to educate Internet users? (only in French, 24.07.2008)

Piracy: Christine Albanel gives a lecture to her European colleagues (only in French, 23.07.2008)

EDRIgram – France promotes the three-strike scheme in Europe (2.07.2008)

Извор: ЕДРИ-грам – „France pushes for ISPs' involvement in fighting illegal file sharing“ бр. 6.15, 30 јули, 2008.

Поврзани натписи