Мени

Генерално собрание на ОН: Бразил и Германија претставуваат Резолуција за правото на приватност во дигиталното доба

Денес, на Генералното собрание на Обединетите нации, Бразил и Германија официјално ја претставија нивната нацрт-резолуција за „Правото на приватност во дигиталното доба“.

Резолуцијата се занимава директно со неодамна обелоденетиот масовен надзор, изразувајќи длабока загриженост за:

„кршењето на човековите права и злоупотребите што можат да произлезат од вршењето надзор на комуникациите, екстратериторијалното следење на комуникациите, нивното пресретнување, како и собирањето на лични податоци, а особено масовниот надзор, следењето и собирањето податоци“

Текстот се повикува на извештајот (A/HRC/23/40) на Специјалниот известувач за правото на слобода на мислење и изразување, Франк Ла Ру , објавен во текот на годинава, како и на резолуцијата 20/8 на Советот за човекови права за „Промоција , заштита и практикување на човековите права на интернет“ и резолуцијата 12/16 за „Слобода на мислење и изразување“.

Германија и Бразил се предводници во дипломатските напори поврзани со проблемите со надзорот во последниве неколку месеци, во услови на голема меѓународна осуда по обелоденувањето на програмата за масовен надзор на американската Национална агенција за безбедност, обезбедувајќи дека напредокот во технологијата нема да доведе до непропорционално зголемување на способноста на државата да се меша во приватните животи на луѓето.

Извор: accessnow.org „Brazil, Germany introduce resolution on Right to Privacy in the Digital Age at UN General Assembly“ 1 ноември, 2013.

Поврзани натписи