Мени
8302581049_b452b38697_z

Германија: Анкета за всадување на чипови

Според анкетата спроведена од лоби групата BITKOM на германската ИТ индустрија, 23% од 1.000 германски испитаници би прифатиле да им биде вграден микрочип во телото, доколку од тоа имаат конкретни придобивки.

Анкетата имаше за цел да ја прикаже зголемената раздвоеност меѓу реалноста и виртуелниот свет, како една од темите на Саемот на технологија CeBIT кој се одржа во Хановер од 2 до 6 март, 2010 година.

Сепак, наодите од студијата се дискутабилни бидејќи репрезентативниот примерок од испитаници не само што е мал, туку е составен од специјална група (посетители на CeBIT кои во секој случај се наклонети кон информатичката технологија). Исто така, мора да се земе предвид фактот дека 77% од испитаниците во анкетата беа против таа технологија. Всушност, 72% изјавиле дека не би дозволиле всадување електроника во нивното тело „под никакви околности“.

Околу 16% од испитаниците изјавиле дека би носеле вграден чип со цел побрзо да бидат спасени од службите за итна помош во случај на пожар или незгода, а 5% би сакале да имаат чип за да им биде полесен шопингот.

„Ова е секако еден екстремен пример за тоа каков напредок на мрежите луѓето можат да замислат“, рече шефот на BITKOM, професор Август-Вилхелм Шир на саемот CeBIT, додавајќи дека вградувањето на чипови во луѓето ќе стане вообичаено. „Некои случувања веќе се очигледни.  CD и DVD дисковите ќе исчезнат како материјални извори на информации.  До крајот на следната деценија, тапетите ќе бидат заменети со рамни екрани, а многумина од нас ќе имаат чипови имплантирани под кожата.

Професорот не спомна ништо околу загриженоста за приватноста и безбедноста во овој контекст.  Речиси сите микрочипови кои се всадуваат и кои веќе се користат (на пр. чиповите за медицински цели), не се енкриптирани, а со тоа и ранливи на скенирање од трети лица.  Всадените микрочипови би биле во иста позиција како и пасошите со микрочип кои се покажаа како несигурни и како лесна мета за скенирање од страна на хакери.

Извор: ЕДРИ-грам „Survey on Chip implants in Germany“ бр. 8.5, 10 март, 2010.

Поврзани натписи