Мени

Гласање за заштита на податоците – еден чекор напред, два големи чекорa назад

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент гласаше за иднината на заштитата на приватноста и податоците во Европа.

Ја поздравуваме поддршката на парламентарците и заложбите за подобрување на неколку важни и вредни елементи во првобитниот предлог на Комисијата. Особено сме задоволни што Комитетот реши да го укине предлогот на Комисијата со кој ќе им се овозможеше на земјите-членки да се изземат од правилата за профилирање.

Меѓутоа, шокирани сме и разочарани што парламентарците гласаа за воведување огромни дупки кои го поткопуваат целиот предлог.

„Ако се усвои, овој предлог ќе иницира „ловна сезона“ за интернет-компаниите тивко да ги прибираат нашите податоци, да создаваат профили и да му ги продаваат нашите идентитети на највисокиот понудувач“, изјави Џо Мекнејми, извршен директор на Европската мрежа за дигитални права. „Ова е сè повеќе разочарувачки, бидејќи ја поткопува добрата работа што веќе била извршена“, додаде тој.

И покрај речиси секојдневните приказни за податоци што се изгубени, пренесени од или на странски влади, нашите пратеници усвоија текст во кој се вели дека корпоративното следење и профилирање на поединците не треба да се сфати како нешто што значително влијае на нашите права и слободи.

Комитетот го прошири опсегот на околности во кои компаниите можат да ги обработуваат податоците на поединецот без негова согласност – и ги направија правилата далеку потешки за разбирање.

Овие огромни дупки се сè повеќе разочарувачки ако земеме предвид дека пратениците во ЕП се согласија да поддржат неколку позитивни мерки во други делови од текстот. Овие мерки вклучуваат и соодветно ниво на санкции во случај на злоупотреби, известувања за упади во бази на податоци, како и стандардна или наменска преносливост или заштита на податоците.

Извор: ЕДРИ-грам „Data protection vote – one step forward, two big steps backwards“ 21 октомври, 2013.

Поврзани натписи