Мени
banner_1368645932

Хелсиншкиот комитет претстави портал за пријавување злосторства од омраза

Хелсиншкиот комитет за човекови права го претстави порталот „Пријави злосторство од омраза“ (www.zlostorstvaodomraza.com), преку кој граѓаните во иднина ќе можат да пријавуваат кривични дела и инциденти сторени во омраза. Порталот нуди и мапа на која се регистрираат пријавените инциденти на злосторства од омраза.

banner_1368645932
Идејата на проектот „Набљудување и известување за злосторства од омраза“ во чии рамки е воспоставен порталот, финансиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, е да се обиде да даде реална слика како Македонија се справува со случаите на злосторства мотивирани од омраза.

„Ние во многу наврати во нашите извештаи сме потсетувале дека говорот на омраза може да генерира злосторства сторени од омраза, а тоа и се случува, особено што зад говорот на омраза многу често, а најчесто кога станува збор на ЛГБТ заедницата, стојат и службени лица од одредени министерства“, изјави извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска на денешната презентација на проектот во ЕУ Инфоцентарот во Скопје.

Од започнувањето на проектот во март годинава,  Хелсиншкиот комитет евидентирал десетици злосторства од омраза, а испратени се и дописи до сите 32 судови и 22 јавни обвинителства кои имаат надлежност во оваа област.

Извор: Oneworldsee.org „Хелсиншкиот комитет го претстави порталот за пријавување на злосторства од омраза“ 20 мај, 2013.

Поврзани натписи