Мени

Холандија: болница во Ротердам избра слободен софтвер за својот внатрешен систем за нарачки

Болницата Ијселанд во Ротердам неодамна стави во употреба систем базиран на слободен софтвер кој ги олеснува автоматските нарачки од интерни магацини и купувањето на производи.

Потегот е во согласност со политиката на болницата во врска со алтернативите базирани на слободен софтвер во процесот на селекција на секој нов софтвер.

Болницата Ијселанд која има повеќе од 100 медицински специјалисти, 1,500 вработени и 220 волонтери го избра системот OpenERP (планирање ресурси на претпријатија) за внатрешниот систем за нарачки. Изборот се должи на фактот што како систем базиран на слободен софтвер, за разлика од комерцијалните системи OpenERP има флексибилност да се применува во процесите на болницата. За одлуката придонесоа и ниските трошоци за негова имплементација.

Покрај поддршката за внатрешниот систем за нарачување, OpenERP исто така ќе се земе предвид за употреба во разни други делови и одделенија во болницата. На пример, Одделот за информации за пациентите е заинтересиран за користење на пакетот почнувајќи од следната година, во насока на поддршка на внатрешната употреба на документи на пациентите. Покрај тоа, се истражува дали има други модули на OpenERP кои може да бидат корисни за болницата.

Политиката на болницата да ги земе предвид алтернативите базирани на слободен софтвер веќе резултираше со воведување на повеќе производи базирани на слободен софтвер: Wiki, систем за управување со содржини (TYPO3), портал (Liferay), SAP Линукс сервери, Apache веб-сервер, база на податоци PostgreSQL, а сега и OpenERP.

Извор: OSOR.eu „NL: Rotterdam hospital selects OS solution for its internal ordering system“ 20 октомври, 2011.

Поврзани натписи