Мени

Холанѓаните ќе споделат ново решение за база на податоци за општинска евиденција

Холандското Министерство за внатрешни работи ќе го направи достапен изворниот код на своето решение за база на податоци за општинска евиденција (mGBA).

На 7 ноември, холандскиот пратеник Роалд ван дер Линде побара од министерот за внатрешни работи да го направи изворниот код отворен. „Министерот одговори позитивно и сега смислуваме начин како најдобро да ја споделиме оваа апликација“, потврди денес портпаролот на Министерството, но не обезбеди дополнителни информации.

Холандската влада започна да работи на своето ново решение – база на податоци за општинска евиденција во 2009 година. Системот со база на податоци содржи евиденција за секој што живеел или живее во земјата и се користи за сите видови административни цели, вклучително и пасоши, лични карти, возачки дозволи, гласачки списоци и придонеси. Тековниот систем не е во можност да се справи со сите потреби за евидентирање. Некои извори велат дека до два милиони жители би можеле да бидат несоодветно евидентирани.

mGBA е еден од проектите што започнаа оваа година, а се опфатени во парламентарната истрага за проблеми што се јавуваат во владиниот ИКТ сектор. Експертите што учествуваат во модернизацијата го критикуваа обновувањето на базата на податоци за општинска евиденција поради тоа што немало конкретни резултати.

Извор: Joinup.eu „Dutch to share new municipal records database solution“ 18 ноември, 2013.

 

Поврзани натписи