Мени

ИКТ 2013: е-здравството во центарот на вниманието

Конференцијата „ИКТ 2013: создавање, поврзување и раст“ се одржа од 6 до 8 ноември 2013г. во Вилнус, Литванија.

На овој настан, како еден од најголемите настани во текот на Литванското претседателство со ЕУ, се собраа повеќе од 5000 луѓе.Покрај програмата за работа Horizon 2020, се дискутираше и за е-здравството.

На ИКТ 2013 беа претставени најновите проекти и случувања од областа на ИКТ и беше место за учење, споделување, вмрежување и за пронаоѓање нови технологии.

За да дознаете што се случуваше во текот на овие три дена, погледнете ги видеата.

Најдобар штанд

Учесниците имаа можност да гласаат за најдобар изложбен штанд. Победи проектот за е-здравство MD-Paedigree финансиран од ЕУ.

MD-Paedigree е Европско дигитално педијатриско складиште засновано врз примери/модели.Проектот(www.md-paedigree.eu) собира (анонимизирани) клинички информации за педијатриски пациенти во заеднички Интернет-облак со големи податоци. Потоа, овие информации се анализираатза да може на лекарите да им се обезбедат персонализирани алатки за предвидување, симулација и поддршка при носењето одлуки.

На штандот беше прикажана графичка друштвена медицинска мрежа, порталот за иновативно складирање податоци на MD-Paedigree: меѓусебно поврзанa, динамична и глобална мапа. Комуницирајќи со системот преку таблет-компјутери или мобилни телефони обезбедени на штандот, посетителите можеа да идентификуваат интереснисличности, да користат алатки за автоматско организирање податоци, за визуелизација на резултати од лекувањето, за персонализирање симулации, наоѓање поврзани статии и прикажување анимирани-модели.

Презентацијата се засноваше врз анонимизирани рутински клинички податоци на повеќе од 100000 пациенти, добиени од европската мрежа на медицински центри што учествуваа.

Извор: Europe’s Information Society “ICT 2013: eHealth in the spotlights” 11 ноември, 2013.

 

Поврзани натписи