Мени

Индија: Лаптоп-компјутер за 10 долари

Набрзо по произведувањето на најевтиниот автомобил, Њу Делхи си постави цел да го произведе најевтиниот лаптоп-компјутер – кој ќе чини само 10 долари, според еден натпис во Економик тајмс.

Научници од Индискиот научен институт, Бангладор и Индискиот технолошки институт веќе започнаа истражувања за лаптоп-компјутерот од 10 долари, што првенствено треба да биде наменет за образовни цели.

Според индискиот министер за развој на човечки ресурси, производството на лаптоп-компјутер од 10 долари нема да стави крај на компјутерската неписменост и проблемите со е-учењето само во Индија, туку и насекаде низ светот.

Организацијата лаптоп-компјутер за секое дете го започна движењето за произведување на евтин уред со образовна намена за деца од земјите од третиот свет. Моменталната понуда на организацијата, лаптопот XO, чини 188 долари и вклучува процесор од 433 MHz, РАМ меморија од 256 MB и специјален екран на допир, со можност за цртање. Уште од 2005 г., целта на ОЛПЦ беше да произведе компјутер што ќе чини помалку од 100 долари, а организацијата се надева дека ќе ја достигне таа цел до крајот на 2008 г. Други производители на компјутери исто така произведуваа евтини лаптоп-компјутери. Џојнтек го нуди својот JL7100 мини-лаптоп за 99 долари, додека NPX-9000 се продава за 130 долари.

Дали Њу Делхи може да произведе адекватен уред со образовна намена за 10 долари? Откако ги погледнавме спецификациите на единиците Џојнтек и NPX-9000, скептични сме дека тоа може да се случи. Сепак, доколку неколку компании се здружат, тоа би било од полза за ова движење и со тоа би се подобрило образованието од технолошки аспект.

Извор: Вајрд Блог Нетворк

Поврзани натписи