Мени
innovation forum лого

Innovation Forum @ Microsoft Визија

innovation forum логоОваа година во рамките на седмата по ред конференција Визија на Microsoft се одржа и форум под наслов „Иновациите и економскиот развој“ – Innovation Forum, кој се осврна кон решавање на социјалните и економските проблеми на денешницата, особено во услови на светска криза, со помош на технолошки иновации.

Jan Muehlfeit @ Innovation ForumФорумот го отвори Јан Мулфеит (Jan Muehlfeit), кој преку својата презентација „Кризите како можност за иновација“ го претстави потенцијалот на ИТ индустријата во време на светска криза и како оваа област може да го измени општеството. Исто така тој наведе дека софтверската и ИТ индустријата се клучни фактори за иновациите и економскиот развој на земјите.

Вториот дел од форумот беше наменет за проектот „Партнери во учење“ на Microsoft и проектите коишто се изведуваат заедно со USAID, „Развивање на следната генерација на работна сила“, и Британскиот совет, „Превидување на школото на иднината“. Сите проекти се насочени кон подобрување на образованието во Македонија, како и овозможување на подобра иднина на студентите и полесно вработување.

Конференцијата Визија на Microsoft се одржува и денес, а фотографии од настанот може да погледнете на Flickr профилот на IT.com.mk:

Поврзани натписи