Мени

Интернетот не е прескап оти уште има корисници

“Македонски телекомуникации” не смета дека Интернетот во земјава е прескап, бидејќи се уште “имаат задоволни корисници”…

Македонски телекомуникации” не смета дека Интернетот во земјава е прескап, бидејќи се уште “имаат задоволни корисници”. Со новите цени на телекомот, Интернетот се наплаќа независно од телефонските импулси. Една минута во скапа тарифа чини 1,6 денар, а во евтините – 0,8, односно 0,35 денари. Во телекомот велат дека корисниците на Интернет преку други провајдери ќе плаќаат поскапо, и интернет и телефонски импулс, бидејќи телекомот сака да ги одвои малопродажните услуги од големопродажните што им ги нуди на провајдерите. Од “Македонски телекомуникации” објаснуваат дека на провајдерите им нудат АДСЛ-пакет, а не само врска, за да спречат дополнителни трошоци.

Управата за телекомуникации донесе решение со кое го задолжи телекомот да ја нуди брзата АДСЛ интернет-врска на сите провајдери под исти услови, но досега телекомот таа врска ја продава само преку пакет-услуги.

– Застапеноста на Интернет во Македонија не е 2, туку 4 отсто. Состојбата и не е така лоша, подобра е отколку во Албанија, Романија и во Босна и Херцеговина – велат во телекомот.

Телеком им нуди на провајдерите големопродажни цени од 0,56 денари за минута во скапата и 0,25 односно 0,14 денари во евтината тарифа. Но, тие што користат Интернет преку други провајдери ќе го плаќаат и телефонскиот импулс за врската со провајдерот.

– Ако провајдерите не се грижат за корисникот, тој може да дојде кај нас. Корисникот има избор – велат во телекомот.

Според нив, провајдерите ги прифаќаат големопродажните цени, но сакат наплатата да оди преку сметките за телефон.

И.К.И.

 

Поврзани натписи