Мени

Исланд: Секое четврто средно училиште ќе се вклучи во проектот за софтвер со отворен код

Девет од 35 средни училишта во Исланд веќе изразија интерес да учествуваат во проектот на Исланд за воведување на софтвер со отворен код во образованието.

Министерството за образование на Исланд ќе започне кампања за поттикнување на училиштата да работат повеќе со овој вид на софтвер. Министерството резервираше околу 6 милиони ISK (околу 27.000 евра) за кампањата што ќе се спроведе наредната година.

„Сакаме да ги поттикнеме образовните институции да користат отворен и слободен софтвер во поголеми бројки, за да може да се зголеми употребата на ИКТ во учењето и наставата “, соопшти министерството на 13 август. „Студентите треба да научат за овој вид на софтвер, за да можат да ги подобрат своите вештини и наставниците треба да го користат овој софтвер за да внесат разновидност во нивните наставни методи“.

Министерството вели дека училиштата може исто така да остварат заштеди со мигрирање кон софтвер со отворен код.

Според Сигурбјорг Јоханесдотир, советник во министерството, деветте училишта и министерството наскоро ќе одлучат како ќе го спроведуваат проектот и како да вклучат уште повеќе училишта.

Советникот вели дека проектот треба допрва да започне. „Се запознаваме меѓусебно, така што веќе можеме да видиме што прават училиштата во врска со софтверот со отворен код и отворените стандарди“.

Училиштата подготвуваат извештаи за успесите и пропустите и министерството сака да собере материјали за слични проекти во други земји. „Се надеваме дека тоа ќе ни помогне во нашата цел“.

Министерството исто така планира да провери на почетокот на 2010 и во текот на 2011 г. дали училиштата, персоналот и учениците користат софтвер со отворен код и дали ја имаат зголемено употребата на софтверот со отворен код.

Извор: OSOR.eu “IS: One in four secondary schools to join open source project” 27 октомври, 2009.

Поврзани натписи