Мени
NHSP

Движење против говор на омраза: Кампања на младите за човековите права на интернет

Интернетот ни нуди можност да создаваме, објавуваме, дистрибуираме и консумираме медиумски содржини со што овозможува простор за целосно учество, ангажман и само-изразување.

Со развојот на друштвените мрежи, сите можеме да учествуваме во просторот на интернет на многу различни начини, од останување во контакт со пријателите и остварување нови контакти, до споделување содржини и истражување на само-изразувањето. Овој простор на интернет ни дава нови можности: заеднички ангажман со други луѓе кои имаат исти каузи. Но и ние може да бидеме жртви или сторители на злоупотребата и кршењето на човековите права, на пр. говорот на омраза во различни форми и сајбер-насилството. Секако, светот на интернетот има и свои вредности. Говорот на омраза* како таков не е нешто ново на интернет, ниту во дебатата за човекови права. Неговата димензија на интернет и потенцијалната штета врз демократските процеси ни дава нови причини да дејствуваме.

NHSP

Говорот на омраза, како што е дефиниран од Советот на Европа, ги опфаќа сите форми на изразување кои шират, поттикнуваат, промовираат или оправдуваат расна омраза, ксенофобија, антисемитизам или други форми на омраза врз основа на нетолеранција, вклучувајќи: нетолеранција изразена преку агресивен национализам и етноцентризам, дискриминација и непријателство против малцинствата, емигрантите и лицата со емигрантско потекло.

Кампањата е дел од проектот „Борбата на младите против говорот на омраза“ кој се спроведува од 2012 до 2014 година. Проектот се залага за еднаквост, достоинство, човекови права и разновидност. Тоа е проект против говор на омраза, расизам и дискриминација во изразувањето на младите на интернет.

Во работните методи спаѓаат подигнувањето на свеста, застапувањето, како и изнаоѓањето креативни решенија. Тоа е проект за дејствување и интервенирање. Проектот ги подготвува младите и младинските организации, оспособувајќи ги за препознавање и дејствување против таквите прекршувања на човековите права.

Целиот проект е посветен на младинското учество и ко-управување. Проектот произлезе од предлогот на младите претставници на Советодавното тело за млади и беше одобрен од Здружениот совет за млади, составен од членовите на Советодавното тело за млади и владините претставници на младите од Европскиот управувачки комитет за млади. Повеќе информации за проектот се достапни на веб-локацијата за координација на Кампањата.

Стратешки димензии на Кампањата

Целта на кампањата не е да се ограничи слободата на изразувањето на интернет, ниту пак е насочена против омразата на интернет, ниту промовира убаво однесување на интернет.

Кампањата е против изразувањето со говор на омраза на интернет во сите негови форми, вклучувајќи ги и оние кои најмногу влијаат врз младите луѓе, како што се формите на сајбер-насилство и сајбер-омраза. Кампањата се заснова врз образование за човековите права, учество на младите и медиумска писменост. Целта е да го намали говорот на омраза и да се бори против расизмот и дискриминацијата во изразувањето на младите на интернет.

Цели на кампањата

  • Да се подигне свеста за говорот на омраза на интернет и ризиците што ги носи за демократијата и младите поединци, како и да се промовираат медиумите и интернет-писменоста;
  • Да се поддржат младите луѓе во борбата за човекови права, на и вон интернет;
  • Да се намали нивото на прифаќање на говорот на омраза на интернет;
  • Да се мобилизираат, обучат и вмрежуваат младите активисти за човекови права на интернет;
  • Да се мапира говорот на омраза на интернет и да се развијат алатки за конструктивни одговори;
  • Да се поддржат и да им се покаже солидарност на луѓето и групите кои се цел на говорот на омраза на интернет;
  • Да се направат заложби за развој и консензус за европските инструменти за политики во борбата против говорот на омраза;
  • Да се развива младинското учество и граѓанство на интернет;

 

Извор: nohatespeechmovement “Campaign of Young People for Human Rights Online

Поврзани натписи