Мени
lfclogo

ЛАН Фест Конференција 2011

lfclogoОваа година, иницијаторот и организаторот “LDM Ideas” во ко-организаторство и соработка со повеќе јавни и приватни установи, ја организира информатичката манифестација „ЛАН Фест Конференција 2011“ која претставува нов, модерен и доветен наследник на стариот и добар Инфоком. ЛАН Фест Конференцијата е настан кој е составен од повеќе под настани кои им овозможуваат на изложувачите и на посетителите ефективна соработка во полето на информатичките и комуникациските технологии. ЛАН Фест ќе се одржи во мултифункционалната спортска сала „Борис Трајковски“, а започнува од 20 мај и трае до 22 мај 2011 година.

Главен акцент на настанот е саемското изложување кои им овозможува на фирмите да ги презентираат своите услуги, сервиси и дејности кои ги објавуваат, со тоа што мало продажбата на настанот не е дозволена. Дополнително на овој тип на директното претставување, фирмите изложувачи добиваат термини во конференциските сали и предавалните да одржат дополнителни презентации од отворен или затворен тип. За време на настанот ќе се спроведат повеќе од 80 ИКТ конференции, презентации и обуки од страна на Министерствата, локални и странски ИКТ експерти како и од самите фирми изложувачи, а истите ќе бидат и електронски пренесувани во живо на www.lanfest.mk.

Како организација која е активна во полето на развој на информатичкото општество, Метаморфозис ќе биде дел од изложувачите на ЛАН Фест. Покрај штандот на кој сите заинтересирани посетители ќе можат да добијат информации за нашите програми, Метаморфозис ќе се претстави и со три предавања:

Во рамките на ЛАН Фест ќе се одржува и најголемиот дигитален фестивал каде што 500 учесници се вмрежени на едно место во време траење од три дена. Учесниците подлежат на обемна агенда каде што се организираат одредени работилници, натпревари во различни ИКТ умешности, споделување на информации и податоци, и натпревари во електронскиот спорт. Дополнително овој сегмент со себе го понесува и најголемиот јавен и директен технички приказ на комплексно техничко решение во Југоисточна Европа, каде директно ќе бидат преставени и презентирани аспекти во полето на широкопојасниот интернет, безбедносни системи, менаџирање на комплексни инфраструктури и структурна поставеност на истото.

Седма година по ред се одржуваат и WCG квалификациите, настан кој е организиран од Македонската Е-Спорт Федерација, која ги објавува квалификациите за светското првенство во електронскиот спорт кој ќе се одржи во Кореја 2011, каде што најдобрите спортисти кои ќе се пријават ќе бидат спонзорирани да ја претставуваат Македонија во предвидените дисциплини на светското првенство за електронски спорт во Кореа 2011.

Како таков настанот е од голема важност за развојот на ИКТ општеството во Македонија, како за приватниот така и за јавниот сектор, поради тоа настанот е наидува на голема поддршка од Министерството за информатичко општество и администрација, Министерство за транспорт и врски, Министерство за внатрешни работи, Инвестирај во Македонија, Стопанска комора, Сојуз на стопански комори, Град Скопје, Млади и спорт.

Подетални информации може да се најдат на линкот www.lanfest.mk каде што ќе можете да се резервира учество и да се бидете дел од ЛАН Фест Конференцијата кои за наши услови е револуционерен настан и соодветно наликува на еден светски познат ИКТ саем CeBit. За повеќе информации обратете се на contact@lanfest.mk

Поврзани натписи