Мени
novica-skopje-januari-2012-web

Македонија: Објавени наградите „Биди њуз блогер“

Дајврсити медиа продакшн (DMP) на 29 февруари, во 12 часот во просториите на Клубот на новинари во Скопје ги објави наградите за млади блогери „Биди њуз блогер“.  

Првото место му припадна на Новица Наков за текстот „(Не)познато (не)знаење

novica-skopje-januari-2012-webtridobitnici_Copy

Второто на Фатлуме Дервиши за блогот “Концептот за демократија во земјите во транзиција” и

Третото место на  Моника Петровска и Маја Пероска за текстот „Демократија – слобода да си ги избереме нашите сопствени диктатори“.

На конкурсот учествуваа, средношколци, студенти, активисти, млади новинари и студенти на факултетите по новинарство.

Членови на жирито беа Александар Чомовски, долгогодишен новинар, уредник и водител на емисијата „Ако е“, Зоран Стевановски, долгогодишен новинар на радио ББЦ на македонски јазик, кој живее во Лондон, Филип Стојановски, блогер и експерт за нови медиуми и екипата на Diversity Media.

Конкурс за најдобар блог беше дел од проектот „Добро информирани граѓани како основа на демократијата“ во рамките на кој проект три пати неделно, етаблирани новинари продуцираат радио анализи, а истите се емитуваат и на 16 партнерски радио станици кои емитуваат на македонски и на албански јазик.

Diversity Media Production (DMP) е непрофитна организација формирана со цел да го унапреди професионалното новинарство, да придонесе кон поголема слобода на говорот, како и да даде поддршка на демократијата и плурализмот во Македонија.

Целта на DMP е да се подигнат стандардите во целост со воведување висок професионализам во новинарството преку Интернет медиумите и радиото.

DMP ја застапува идејата дека граѓаните се суштината на политичкиот и општествениот живот. Поради тоа, организацијата ќе им помогне на граѓаните да бидат дел од важни дебати, особено на оние граѓани кои припаѓаат на немнозинските и маргинализирани групи.

Извор: Diversity Media Production „Објавени наградите “Биди NEWS BLOGER“ 29 февруари, 2012.

Поврзани натписи