Мени

Македонија: Предложен новиот закон за електронски комуникации

Измените и дополнувањата на законот за електронски комуникации ќе му овозможат на Министерството за внатрешни работи да ја игра улогата на „Големиот брат“, беше оцената на опозицијата за време на дебатата околу овој предлог-закон која се одржа на 11 мај.



Според ваквото обвинување од опозициската СДСМ, МВР, освен што непречено ќе ги прислушува телефоните, ќе има ингеренции да ги контролира и компјутерите на кој било граѓанин во Македонија.

Од опозициската партија Нова демократија велат дека овие измени не се подготвени според европските стандарди, со нив се загрозува приватноста на сите граѓани на Македонија и истовремено Владата ја зацврстува позицијата на Министерството за внатрешни работи и со тоа создава полициска држава.

Додека според заменик-министерот за транспорт и врски Горан Михајловски, предложените измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации се направени во согласност со последниот извештај на Европската комисија.

Со измените наводно јасно се дефинираат надлежностите на соодветни институции со што се овозможува дополнителен развој на конкуренцијата и либерализацијата во електронските комуникации, влез на нови оператори, воведување нови услуги и на поприфатливи цени за граѓаните.

Според известувањерто од Делегацијата на Европската комисија во Скопје: „Брисел очекува Владата да го достави донесениот Закон за електронски комуникации. Донесени се измени за кои Комисијата не е консултирана и Брисел ќе коментира откако ќе го добие текстот на законот“.

Повеќе информации

Поврзани натписи