Мени

Македонија: Се воведува Министерство за информатичко општество

Новата македонска Влада ќе биде проширена за уште едно министерство, откако денеска во Собранието по забрзана процедура се изгласа воведување на ресор за информатичко општество.

Како прва точка на дневниот ред на денешната седница, на барања на Владата беше ставен предлог законот за измена и дополнување на Законот за влада, во чии рамки е предвидено формирање на наведеното министерство.

Опозицијата реагираше на, според нив, избрзаната процедура, без претходно да биде образложена потребата од измените и без да биде направена проекција за тоа колку пари ќе чини новото министерство.

Во рамки на претходниот владин состав, функцијата министер без ресор задолжен за информатичко општество ја извршуваше Иво Ивановски.

Извор: А1 „Се воведува министерство за информатичко општество“ 8 јули, 2008.

Поврзани натписи