Мени

Малта: Директива за зголемување на примената на софтвер со отворен код

Јавната администрација на Малта сака нејзините институции да ја зголемат употребата на софтвер со отворен код.

Во директивата објавена на почетокот на минатата недела, владата вели дека исто така сака да сподели повеќе од своите сопствени апликации објавувајќи ги под лиценцата на ЕУ за софтвер со отворен код (EUPL).

„Кога нема да биде можна употребата на софтвер со отворен код при имплементацијата на одредени решенија, ќе треба да се обезбеди соодветен доказ за тоа“, наведува владата во Директивата за софтвер со отворен код, објавена на 1 јуни.

Во директивата, владата си наложува да ги прифаќа апликациите со отворен код, и да ги стави во повторна употреба апликациите дадени на располагање од страна на други јавни администрации во Европската унија. За Малта, тоа се однесува конкретно на апликациите кои што се споделуваат и развиваат на Европската унија со отворен код опсерваторија и складиштето (OSOR).

Државните институции кои сакаат да развиваат и споделуваат свои апликации со отворен код, треба да го користат веб-сајтот на владата на Малта за развој на софтвер со отворен код, или OSOR.eu, се вели во директивата.

Владините организации треба да претпочитаат да користат апликации со отворен код кои се достапни со менија и документација на англиски јазик и уште еден друг европски јазик. Доколку е потребен превод на малтешки јазик, организацијата треба да се консултира со владината група за корисници на софтвер со отворен код. Владината група на крајни корисници на софтвер со отворен код (Moseug) беше формирана во април.

Извор: OSOR.eu “MT: Directive to boost uptake of open source” 8 јуни, 2010.

Поврзани натписи