Мени
pravosudstvo

Метаморфозис ја претстави првата нацрт-верзија на ИКТ стратегијата за правосудство

Авторот на стратегијата, Зоран Јаневски, ја претстави ИКТ стратегијата која ги прикажува намерите на Министерството за прада и останатите институции чинители на правосудниот систем во Република Македонија во однос на примената на ИКТ во периодот од 2007 до 2010 година

pravosudstvo

На 15 февруари 2007 година во Британскиот совет во Скопје се одржа расправа за првата нацрт-верзија на ИКТ стратегијата за македонското правосудство подготвена од Фондацијата Метаморфозис во организација на Правната програма на ФИООМ, Министерството за правда и Фондацијата Метаморфозис.

Расправата ја отвори заменик-министерот за правда на РМ, Сашо Василевски, а модератор беше Никола Мемов од Министерството за правда. Авторот на стратегијата, Зоран Јаневски, ја претстави ИКТ стратегијата која ги прикажува намерите на Министерството за прада и останатите институции чинители на правосудниот систем во Република Македонија во однос на примената на ИКТ во периодот од 2007 до 2010 година.

На расправата присуствуваа претставници на Министерството за правда, Врховниот суд, Јавното обвинителство, Судскиот совет, основните судови, пенитерцијарниот систем, академијата за судии, како и претставници на бизнис-секторот.

Од расправата произлегоа конкретни совети и сугестии кои ќе бидат вградени во следната верзија на стратегијата.

Поврзани натписи