Мени
Награда за млади на Светскиот самит

Награда за млади на Светскиот самит – 2011

Повик за поднесување проекти: Младите користат интернет и мобилни за општествена полза

Дали ги користите друштвените мрежи за да придонесете за вашата заедница и иднина? Дали користите блогови и видео-блогови за да покренете битни прашања? Дали создавате веб-сајтови или мобилни апликации кои се борат против дискриминација, глад или болести? Ако е така, искористете ја шансата да покажете дека сте запознаени со дигиталните и социјалните медиуми и дека знаете да остварите позитивен развој – во вашето соседство или пак во друга земја: поднесете го вашиот проект за нови медиуми до Наградата за млади на Светскиот самит (НМСС) и добијте можност за запознавање со ангажирани млади од целиот свет и вмрежување со претставници на невладини организации, влади и медиуми!

Награда за млади на Светскиот самит
НМСС е годишна награда и мрежа за млади луѓе помлади од 30 години, коишто користат интернет, мобилни телефони или други дигитални медиуми за спроведување на Милениумските развојни цели на Обединетите нации. Обединетите нации ги одредија милениумските развојни цели во 2000 година со цел да ги поттикнат земјите-членки и граѓанското општество во борбата против сиромаштија, глад и болести, против нееднаквости, недостаток од образование и уништување на животната средина.

Од 2-ри мај до 15-ти јули можете да го поднесете вашиот „производ“ за овој меѓународен конкурс на www.youthaward.org во една од шесте категории на Наградата за млади на Светскиот самит:

1. Борба против сиромаштија, глад и болести! 4. Создадете ваша култура!
2. Образование за сите! 5. Бидете зелени!
3. Моќ за жените! 6. Стремеж за вистината!

Меѓународното жири составено од млади експерти за ИКТ ќе избере по три победници, и по едно второ и трето место за секоја категорија. Експертите ќе ги оценуваат проектите во два круга на оценување преку интернет.

Доколку победите на НМСС, вашиот проект ќе се издигне на ново ниво. Победниците ќе имаат можност да ги претстават своите проекти на светската сцена. Освен церемонијата за доделување на наградата, средбите, дискусиите и работилниците исто така ќе обезбедат простор за размена на идеи и за спријателување со ангажираните млади од сите континенти.

Претставници на влади, невладини организации, медиуми и други реномирани експерти од областа „ИКТ за развој“ ќе учествуваат на овие настани и ќе им бидат достапни на победниците. Ова е уникатна шанса за унапредување на вашиот проект преку добивање пристап до мрежата на НМСС. Мрежата на НМСС нуди можност за развој на вашиот проект, усовршување на вашиот бизнис-план, па дури и можност за наоѓање спонзори.

За Наградата за млади на Светскиот самит (НМСС)

НМСС ги избира и промовира најдобрите практики за е-содржини и нови медиуми, го покажува потенцијалот на младите да креираат извонредни дигитални содржини и служи како платформа за луѓето од сите земји-членки на ОН да работат заедно во насока на намалување на сиромаштијата и гладот, како и за справување со болестите, половата нееднаквост, недостатокот на образование, недостатокот на пристап до чиста вода и деградацијата на животната средина.

НМСС се организира како дополнителна активност на Светскиот самит за информатичко општество (ССИО) и неговиот Акциски план за периодот до 2015 година. Наградата за млади е во организација на Мрежата на Наградата на Светскиот самит – четврти пат по 2005, 2009 и 2010 година.

НМСС е поддржана од Глобалната алијанса на ООН за ИКТ и развој (UN GAID), Фондацијата Џон С. и Џејмс Л. Најт, Интернет општество (ISOC), INTEL, групата telfree, Fundação para as Comunicações Móveis (FCM) и фондацијата Layla Fakhro.

Извор: WSYA “Call for entries 2011”

Поврзани натписи