Мени

Награди Big Brother: Австрија 2011

Доделувањето на тринаесеттите по ред австриски Big Brother награди се одржа во театарот Рабенхоф во Виена, на 25 октомври 2011 г.


Влезот мораше да се затвори на еден час пред почетокот, бидејќи театарот веќе беше преполн. Повеќе од 350 лица го следеа шоуто внатре, а многу повеќе го следеа преносот преку интернет во живо или се собираа на места за јавно гледање во Виена, Грац и Линц.

Настанот го модерираше австрискиот комедијант Дитер Шмелар, во придружба на фантастичен бенд и два сценски музички настапи во живо. Наградите ги доделуваа главниот уредник на најголемиот австриски неделник и универзитетски професори. ВИП-личности на сцената: Хуан Мануел Бијаин, режисер на филмот „Член 12“, Џејмс Васили во име на Freedom Box и Питер Франк, претседател на Chaos Computer Club.

Церемонијата на именување и посрамување се одвиваше паралелно со напади на смеа и аплауз. Исвиркувањата го надминаа нивото од 100 децибели кога австрискиот ветеран за таблоиди и човек прогласен за непријател на приватноста, Волфганг Фелнер, ја доби наградата Big Brother насловена „дедо на инцест-новинарството“. Меѓу другите добитници (читај губитници) кои ја добија наградата беа: извршниот директор на Телеком Австрија, министрите за внатрешни работи и правда, шефот на анти-терористичката полициска единица, додека наградата за доживотна напаст ја доби Марк Зукерберг. Наградата „Defensor Libertatis“ му припадна на Макс Шремс за кампањата „Европа против Фејсбук“.

Тринаесеттите австриски награди Big Brother ги организираше членот на ЕДРИ Quintessenz, а беа поддржани од поединци од други организации како VIBE!, австриската платформа против задржување податоци, no-pnr.org, итн.

Извор: ЕДРИ-грам „Austrian Big Brother Awards 2011“

Austrian Big Brother Awards 2011

Поврзани натписи