Мени

Награди во вкупен износ од 400.000 евра на најголемиот конкурс за апликации во Европа

На најголемиот конкурс за апликации во ЕУ досега, се нудат награди во вредност од вкупно 400.000 евра за најдобрите нови апликации што помагаат во создавањето попаметни градови и компании.


Со натпреварот ќе управува Campus Party, најголемиот светски форум за „бубалици“, а судии ќе бидат специјализирани инженери од Конзорциумот FI-WARE финансиран од ЕУ.

Единствениот услов за учество на конкурсот е поднесените апликации да се засноваат врз составните елементи наведени во проектот на ЕУ за изградба на основната платформа на утрешниот интернет.

50 од овие составни елементи веќе постојат – и се слободно достапни преку Лабораторијата за отворени иновации на FI-WARE, па програмерите можат да експериментираат со нив. Овие составни елементи обезбедуваат општи функции што може да се користат од страна на широк спектар апликации од сите видови на сектори, како што се клауд-хостинг, анализа на големи податоци, управување со идентитетот , или „интернетот на нештата“. Овој конкурс за апликации има за цел да овозможи услуги засновани врз тие составни елементи.

Кликнете овде за учество. Регистрацијата завршува на 20 декември 2013 година.

Може да учествува секој, поединци, мали компании, веб-претприемачи итн. Можете да учествувате само со идеја , но учесници се охрабруваат да ја илустрираат нивната идеја со нацрт-прототип.

Извор: Europe’s Information Society „€400 000 in prizes in Europe’s biggest app challenge“ 29 ноември, 2013.

 

Поврзани натписи