Мени

Награди за слободен софтвер 2008

Бостон, 12 август, 2008 г. Фондацијата слободен софтвер (FSF) и проектот ГНУ го објавија повикот за номинации за единаесеттото доделување на годишните награди за слободен софтвер.

Награда за унапредувањето на слободниот софтвер

Наградата на FSF за унапредувањето на слободниот софтвер секоја година ја доделува претседателот на FSF – Ричард Столмен на лице што во голем степен придонело за напредокот и развојот на слободниот софтвер, преку активности во духот на слободниот софтвер.

Минатата година, на Харалд Велт му беше доделена награда за унапредување на слободниот софтвер, како признание за неговиот придонес за Линукс кернел и проектот за мобилна платформа на ОпенМоко, и неговото водство на заедницата во зачувувањето на слободата на корисниците на слободниот софтвер со успешно спроведување на лиценцата ГНУ преку проектот gpl-violations.org. Велт се придружи на престижната листа од претходни победници; Тед Цо, Ендрју Триџел, Тео де Таад, Алан Кокс, Лери Лесиг, Гвидо ван Росум, Брајан Пол. Мигел де Иказа и Лери Вол.

Награда за проекти од општествен интерес

Ќе може да се конкурира и за наградата за проекти од општествен интерес. Со таа награда всушност се дава признание дека еден проект намерно и значајно придонесува за општеството преку соработка за остварување на важна општествена задача.

Претходни добитници на Наградата за проекти од општествен интерес беа Гроклав, во 2007, проектот Сахана во 2006 г. и Википедија во 2005 г.

Погодност

Претходните добитници не може да конкурираат за наградите, но претходните кандидати се охрабруваат за повторно конкурирање. Само поединци (не и проекти) може да конкурираат за наградата унапредување на слободен софтвер, а за наградата за општествен придонес може да конкурираат само проекти (не и поединци).

Комитетот за наградата 2008 сè уште не е составен, но комитетот за наградата 2007 беше составен од: Питер Х. Салус (претседавач), Реј Матур, Хонг Фенг, Лоренс Лесиг, Ендру Триџел, Џонас Оберг, Вернер Винџ, Ричард Столмен, Алан Кокс, Суреш Рамасубраманиан и Фернанда Г. Вејден.

Ве молиме испратете ги вашите номинации на award-nominations@gnu.org, најдоцна до петок, 31 октомври 2008 г. Ве молиме поднесете ги номинациите во следниот формат:

  • Во делот за темата на пораката, или внесете го името на лицето што го номинирате за наградата за унапредување на слободниот софтвер, или наведете го името на проектот што го номинирате за Наградата за проекти од општествен интерес.
  • Во пораката, Ве молиме наведете објаснување (до најмногу 40 линии) на сработеното и зошто мислите дека тоа е особено важно за унапредувањето на слободата на софтверот или начин на кој таа слобода е од корист за општеството, соодветно.
  • Во пораката, Ве молиме наведете каде може да се најдат материјалите (на пр. софтвер, прирачници, ракописи) на кои се базира вашата номинација.

Информации за претходните награди може да најдете на http://www.fsf.org/awards.

Извор Free Software Foundation "Submit your nominations for the 2008 Free Software Awards" 12 август, 2008.

Поврзани натписи