Мени
mapa.jpg

Најава: Проекција ‘Замисли си!’

Во понеделник, 23 февруари 2009 со почеток во 19:30 часот во Кинотека на Република Македонија ќе се одржи проекцијата ‘Замисли си’, која

е плод на Imagine Your Future (Замисли си!) проектот…

Ова е проекција која Ве води на егзотично патување низ приказните и соништата на 21 млад човек…

Ова е проекција која зрачи креативност и пренесува позитивни пораки на еден поинаков начин …

Ова е проекција која не смеете да ја пропуштите!

Imagine Your Future (Замисли си!) е меѓународен проект, дел од програма развиена и имплементирана од страна на Британски совет во земјите од Југо-Источна Европа и Велика Британија. Всушност, Imagine Your Future (Замисли си!) е проект кој им дава слобода на младите луѓе да го искажат својот глас и да ја раскажат својата приказна на начин на кој навистина ќе бидат чуени и разбрани. Преку учество во овој проект младите луѓе научија како да употребат едно од најмоќните алатки на денешницата – медиумите за направат позитивни промени во средината во која живееме.

За време на проектот младите тренери од Cre8ive8 во соработка со Фондацијата Метаморфозис организираа три работилници, за време на кои учесниците добија можност да се изразат, да ги претстават нивните погледи за иднината и да создадат нови иновативни филмови со техниката на Digitales и дигиталното раскажување.

Резултатите на овој проект се спакувани во 21 дигитална приказна, кои на креативен и иновативен начин пренесуваат порака, и овозможуваат да го видиме светот низ очите на младите.

Замислете си можност да ги нурнете во соништата на младите луѓе преточени во креативни дигитални приказни! Не мора да замислувате повеќе! Дојдете и уживајте!

Мапа на локацијата:

mapa.jpg

Повеќе информации на следниве линкови:

 

Поврзани натписи