Мени

Најава: Отворен ден на летната школа за идните информатички трендови при Универзитетот на ЈЕЕ

Летната школа ќе се одржи од 28 – 31 мај 2013 во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Информативниот Центар за Економија  од Лајбниц, со Отворен ден на 29 мај 2013 година, во 14 часот.

Професори од Македонија, Албанија, Австрија, Германија, Хонг Конг, Малезија и Турција ќе се сретнат на овој познат форум за да ги разменат нивните идеи.

Според организаторите, денешните глобални промени не можат да се замислат без промена на односите помеѓу науката и индустријата. Затоа на универзитетскиот кампус во Тетово ќе биде одржан и Отворен ден на 29 мај 2013 година, во 14 часот.

Регистрацијата за учество на отворениот ден на летната школа трае до 25 мај 2013 година, преку веб-локацијата  http://www.seeu.edu.mk/zbv/ или директно преку следниот линк.

За подетални информации можете да контактирате со: Лумни Ајвази (l.ajvazi@seeu.edu.mk), или деканот на Факултетот за современи науки и технологии, проф. д-р Бетим Чичо (b.cico@seeu.edu.mk).

Поврзани натписи