Мени

Недела на отворен пристап 2010

18 октомври го означува почетокот на Неделата на отворен пристап 2010, додека илјадници научници, факултети и студенти од речиси 90 земји низ светот учествуваат во настани за подигнување на свеста и подобрување на сознанијата за придобивките од отворениот пристап.

Глобалниот настан што годинава се одржува по четврти пат, Неделата на отворен пристап (18-24 октомври) е можност за академската и истражувачката заедница да дознаат повеќе за потенцијалните придобивки на отворениот пристап, да ги споделат идеите со колегите и да поттикнат поголема ангажираност во воспоставувањето на отворениот пристап како една нова норма во образованието и истражувањата.

Агенциите за финансирање истражувања, академските институции, научните и непрофитните организации, како и компаниите го користат отворениот пристап како вредна платформа за креирање политики за отворен пристап на ниво на институции, зголемено финансирање на публикации со отворен пристап, и нови извештаи за општествените и економски придобивки од отворениот пристап.

Како резултат на активностите во рамките на проектот Отворен пристап кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис, минатата недела се лансираше ново складиште со отворен пристап на Економскиот институт во Скопје, прво за оваа институција, а достапно преку адресата http://depo.ek-inst.ukim.edu.mk. Складиштето е поставено со користење на локализираната верзија на Диспејс, изработена во рамките на проектот, и засега вклучува мал број на трудови. Во иднина тоа ќе опфаќа трудови од различни области, во вид на магистерски трудови, трудови од минати и идни броеви од научно-истражувачки списанија итн. Складишето ќе одржува константна врска со потенцјално заинтересираната публика преку промоција на својата работа на социјалните медиуми.

Институтот за дефектологија при Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, во четврток, 21.10.2010, ќе одржи предавање на тема отворен пристап и отворени образовни ресурси. Предавањето ќе се одржи во Салата за состаноци на факултетот и ќе започне во 11 часот.

Предавачи ќе бидат:
Проф. д-р Владимир Трајковски “Научни статии со отворен пристап”
Димитар Попоски “Отворени образовни ресурси”

дела на отворен пристап 2010

18 октомври го означува почетокот на Неделата на отворен пристап 2010, додека илјадници научници, факултети и студенти од речиси 90 земји низ светот учествуваат во настани за подигнување на свеста и подобрување на сознанијата за придобивките од отворениот пристап.

 

Глобалниот настан што годинава се одржува по четврти пат, Неделата на отворен пристап (18-24 октомври) е можност за академската и истражувачката заедница да дознаат повеќе за потенцијалните придобивки на отворениот пристап, да ги споделат идеите со колегите и да поттикнат поголема ангажираност во воспоставувањето на отворениот пристап како една нова норма во образованието и истражувањата.

 

Агенциите за финансирање истражувања, академските институции, научните и непрофитните организации, како и компаниите го користат отворениот пристап како вредна платформа за креирање политики за отворен пристап на ниво на институции, зголемено финансирање на публикации со отворен пристап, и нови извештаи за општествените и економски придобивки од отворениот пристап. http://www.openaccessweek.org

 

Како резултат на активностите во рамките на проектот Отворен пристап кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис, минатата недела се лансираше ново складиште со отворен пристап на Економскиот институт во Скопје, прво за оваа институција, а достапно преку адресата http://depo.ek-inst.ukim.edu.mk. Складиштето е поставено со користење на локализираната верзија на Диспејс, изработена во рамките на проектот, и засега вклучува мал број на трудови. Во иднина тоа ќе опфаќа трудови од различни области, во вид на магистерски трудови, трудови од минати и идни броеви од научно-истражувачки списанија итн. Складишето ќе одржува константна врска со потенцјално заинтересираната публика преку промоција на својата работа на социјалните медиуми.

 

Институтот за дефектологија при Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, во четврток, 21.10.2010, ќе одржи предавање на тема отворен пристап и отворени образовни ресурси. Предавањето ќе се одржи во Салата за состаноци на факултетот и ќе започне во 11 часот. Предавачи ќе бидат:

Проф. д-р Владимир Трајковски “Научни статии со отворен пристап”

Димитар Попоски, докторанд “Отворени образовни ресурси”

Поврзани натписи