Мени

Недела на отворен пристап 2012

22 октомври го означува почетокот на Неделата на отворен пристап 2012, додека илјадници научници, факултети и студенти од речиси 90 земји низ светот учествуваат во настани за подигнување на свеста и подобрување на сознанијата за придобивките од отворениот пристап.

Глобалниот настан што годинава се одржува по шести пат, Неделата на отворен пристап (22-28 октомври) е можност за академската и истражувачката заедница да дознаат повеќе за потенцијалните придобивки на отворениот пристап, да ги споделат идеите со колегите и да поттикнат поголема ангажираност во воспоставувањето на отворениот пристап како една нова норма во образованието и истражувањата.

Агенциите за финансирање истражувања, академските институции, научните и непрофитните организации, како и компаниите го користат отворениот пристап како вредна платформа за креирање политики за отворен пристап на ниво на институции, зголемено финансирање на публикации со отворен пристап, и нови извештаи за општествените и економски придобивки од отворениот пристап.

Метаморфозис ќе учествува на Неделата за отворен пристап 2012 со своја презентација за досегашните достигнувања во областа на отворениот пристап, како и актуелните напори за подигнување на свеста и зајакнување на капацитетите за развој и споделување отворени образовни ресурси.

Презентацијата ќе ја одржат Ирина Шумадиева и Сеад Џигал.

Преземете ги агендите за настаните што ќе се одржат во салата за толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и во Деканатот на Медицинскиот факултет:

 

Поврзани натписи