Мени
metamorfozis-logo-en

Конференција „Одржливост на новите медиуми“

metamorfozis-logo-en us-embassy-logo

Live video from your Android device on Ustream

Во име на Организацискиот одбор, имаме чест да Ве поканиме да земете учество на меѓународната конференција “Одржливост на новите медиуми” која ќе се одржи во Скопје, во салата City Hall на 11 мај.

Конференцијата ја организира Фондацијата Метаморфозис со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, со цел да се придонесе кон зголемување на слободата на изразување преку помагање на медиумите од Македонија да се прилагодат на новите пазарни услови кои произлегуваат од дигиталната средина, преку пренос на знаења и меѓународни искуства на поле на развој на медиумите и отворени дискусии за регионалниот и локалниот контекст.

Настанот ќе започне со презентација на експерт од САД, г. Маркус Икстад, комерцијален директор во Streamworks Interactive и поранешен директор на продажба во Асошиејтид Прес (АП), кој ќе ги претстави тековните трендови и решенија од гледна точка на неговото 21-годишно деловно искуство во градење нови бизнис модели и нови искуства за корисниците.

Конференцијата ќе продолжи со Тркалезна маса за предизвиците и можните решенија во Македонија, со учество на претставници на клучните заинтересирани страни од бизнисот со нови медиуми, вклучително медиумски професионалци, претставници на маркетинг агенции и огласувачи, владиниот и граѓанскиот сектор.

Конференцијата ќе биде пренесувана во живо преку видео стриминг, со структурирани дискусии преку Твитер, Фејсбук и Пинг.мк.

Хаштаг: #медиуми или #mediumi

Бидејќи бројот на места е ограничен, Ве молиме да се регистрирате преку формуларот за регистрација пред 9 мај во 16.00 часот.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, обратете се на Тамара Ресавска, tamara_ET_metamorphosis.org.mk, тел. 02/3109 325.

Агенда

9:30-10:00

Регистрација на учесниците на конференцијата и кафе за добредојде

10:00-10:30

Почетна сесија
– Леана Мар – Директор на Канцеларијата за образование на УСАИД и Вршител на должност Директор на УСАИД
– Бардил Јашари, директор на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис

10:30-12:00

Предизвиците за одржливоста на новите медиуми: Меѓународни искуства

  • Воведна презентација на експертот од САД, г. Маркус Икстад, комерцијален директор во Streamworks Interactive, поранешен директор на продажба во AP
  • Презентација околу формите на институционална поддршка за непрофитните медиуми во Хрватска, г. Тони Габриќ, главен уредник на H-Alter.org

12:00-12:30

Кафе пауза

12:30-13:30

Тркалезна маса, Сесија 1: Модели за одржливост на нови медиуми – од гледна точка на креаторите на содржини
Претставување на локалниот контекст од страна на претставници на индустријата за
e-издаваштво (особено информативни и забавни портали) и претставници на невладиниот сектор.

Воведничари:
• г. Дејан Георгиевски, Центар за развој на медиуми
• г. Зоран Ричлиев, Медиа Принт Македонија (МПМ)
• г. Бранко Героски, Plusinfo.mk
• г. Александар Дамовски, MKD.mk
• г-a Елида Зилбеари, Portalb.mk
• г. Петар Шокаровски, Blogirame.mk
• г. Дарко Лазаревски, Kajgana.com

13:30-14:30

Ручек

14:30-15:30

Тркалезна маса, Сесија 2: Модели за одржливост на нови медиуми – од гледна точка на рекламните агенции/огласниците
Рекламните агенции, нивните здруженија, огласниците, компаниите за рекламирање преку мобилни уреди и други релевантни фактори ќе дискутираат за нивните очекувања од порталите и останатите е-издавачи.

Воведничари:
• г-а Савица Кусакатски, IAB Македонија
• г. Никола Пешев, New Moment
• г. Александар Андовски, Click Attack

15:30-15:45

Кафе пауза

15:45-16:30

Тркалезна маса, Сесија 3: Иновативно размислување – што треба да се направи
Сесијата ќе ја модерира експертот од САД кој ќе обезбеди повратни информации како одговор на добиените информации од локалните учесници, а потоа ќе ја води дискусијата во насока на можни решенија

16:30-17:00

Завршни забелешки и заклучоци

Медиумски партнери

Овој проект е делумно финансиран од грант на Амбасадата на САД. Мислењата, наодите, заклучоците или препораките објавени овде се сопственост на нивните автори и не ги претставуваат оние на Стејт департментот.

Маркус Икстад

markus-bio-150w

Маркус има 21-годишно искуство во бизнисот со медиуми – 5 години искуство како новинар и продуцент во Германија, а останатите 16 години на комерцијални позиции прво во AP, а потоа во Streamworks International, глобална компанија за стриминг којашто обезбедува извонредни доживувања со видео-пренос во реално време преку која било мрежа, до кој било уред, и е избраниот партнер за видео-пренос во реално време на некои од водечките новински организации во светот кои нудат видео-прилози.

Повеќе…

Тони Габриќ

Toni-Gabric-150w

Тони Габриќ е роден во 1961 година во Задар, Хрватска. Дипломирал во 1986 година на Филозофскиот факултет во Загреб, на отсеците за филозофија и фонетика.

Повеќе…

Поврзани натписи