Мени

Обука за управување со интернет, граѓанско општество и застапување за јавни политики

Обуката „Управување со интернет, граѓанско општество и застапување за јавни политики“ ќе се одржи во периодот од 8 до 19 јули 2013 г. во Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта, Унгарија.

Оваа интензивна летна обука (организирана од ЦЕУ, Annenberg/UPenn и Центарот за демократија и технологија) има за цел да им помогне на истражувачите и активистите да стекнат нови сознанија за улогата којашто граѓанскиот сектор може да ја има во застапувањето за слободен и отворен интернет, но и да го нагласи потенцијалот на технологијата и интернет-алатките за мобилизирање и организирање на изборните единици, како и потенцијалот за зголемување на безбедноста и приватноста на активистите.

Овогодишната обука ќе се фокусира на:

  • Право и политики на интернет
  • Друштвени медиуми и мобилизација
  • Интернет-алатки за застапување, безбедност и приватност
  • Градење на капацитетите на граѓанското општество

Рок за пријавување: 15-ти март, 2013 г. Апликација и дополнителни информации: http://www.summer.ceu.hu/internet-2013

Oбуката ќе ја водат: Монро Прајс (Annenberg), Сузан Абот (Annenberg), Кејт Којер (ЦЕУ), Лезли Харис (Центар за демократија и технологија)

Гости говорници: Сем Грегори (Witness), Мариус Драгомир (OSF), Ерик Кинг (Privacy Intl), Едуардо Бертони (Центар за студии за слобода на изразување и пристап до информации (CELE) на Правниот факултет при Универзитетот во Палермо ), Џоан Барата Мир (Универзитет Рамон Лул), Ендру Штрохлајн (Human Rights Watch), Самир Паданија (OSF).

Извор: Central European University Budapest: „Internet Governance, Civil Society and Public Policy Advocacy“

Поврзани натписи