Мени
e-society

Одржана Осмата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2012

e-societyЗаврши осмата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“. Конференцијата се фокусираше на отворените образовни ресурси и отворениот пристап, како и правно-институционалните предуслови за нивниот развој во државите во регионот.

e-soc12На конференцијата учествуваа околу 250 учесници од земјата и од странство, при што првиот ден се регистрирале 231 учесник, додека вториот 172. Структурата на учесниците беше сочинета од претставници од образовниот сектор, како од основните и средните училишта, така и од високо-образовните и соодветните владини институции, граѓанскиот и деловниот сектор.

Конференцијата траеше два работни дена, во рамките на кои се дискутираше на 8 различни теми во различни сесии, со најголем акцекнт на отворените образовни ресусри, достапните можности и потребните капацитети за нивниот развој, капацитетите за применување отворен пристап во високото образование во Македонија и во земјите од регионот, како и улогата на граѓанскиот и деловниот сектор во можностите за стекнување знаење преку неформално образование. Во текот на двата дена, свои излагања имаа вкупно 36 говорници од Македонија, Полска, Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина и Америка, а после нивните презентации и говори се одвиваше интерактивна дискусија со публиката.

Повеќе информации, како и презентациите на говорниците се објавени на официјалниот веб-сајт на конференцијата. Во меѓувреме, дел од атмосферата на конференцијата можете да почувствувате преку фотографиите од првиот и вториот ден поставени на Фејсбук и Фликр, видеоснимките (ден 1, ден 2), како и од пораките кои во живо масовно се испраќаа преку твитер.

Поврзани натписи