Мени

Опслужувачи лоцирани во Франција биле под контрола на ФБИ

На 12 септември 2013 година, ФБИ призна дека кон крајот на јули при една полициска акција тајно била преземена контрола врз некои опслужувачи лоцирани во Франција, со цел да се постави шпионски софтвер.

Агенцијата поставила шпионски софтвер на веб-локации хостирани од Freedom Hosting, наменети за мрежата за анонимизација Tor. Во 2011 година, активисти на движењето Anonymous открија дека Freedom Hosting хостирала содржини со детска порнографија до кои се пристапувало преку Tor.

Ерик Еин Маркес, сопственикот на Freedom Hosting кој ги изнајмил опслужувачите од неименуван комерцијален провајдер на хостинг во Франција, плаќајќи за нив од банкарска сметка во Лас Вегас, сега се бори да не биде екстрадиран од Даблин во САД, под обвинение дека Freedom Hosting олеснувала масивен пристап до детска порнографија.

На 4 август 2013 година, сите веб-локации хостирани од Freedom Hosting (дури и оние што немале врска со детска порнографија) започнале да прикажуваат порака „се вршат поправки на веб-локацијата“ со скриен код вграден во страницата. Според истражувачите, кодот користел безбедносна дупка во Firefox за да ги идентификува корисниците на пакетот за прелистување на Tor. Мозила потврди дека кодот експлоатирал ранливост во управувањето со меморијата во Firefox, којашто била јавно објавена на 25 јуни 2013 година, а коригирана во најновата верзија на прелистувачот.

Сè уште не е јасно дали француските власти биле известени за операцијата на ФБИ, a францускиот министер за внатрешни работи не даде јасен одговор.

Извор: ЕДРИ-грам „FBI was controlling servers located in France“ бр. 11.18, 25 септември, 2013.

 

Поврзани натписи