Мени
NMS-MKD-2

Основан е Националниот младински совет на Македонија

На 29-ти јуни во Струга беше основан Националниот младински совет на Македонија. Советот е основан од страна на 55 организации (младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии.

Како што истакна Претседателката на Националниот младински совет на Македонија, Ивана Давидовска неговата мисија е да да ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како врска со сите чинители и да обезбеди вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.

NMS-MKD-2Националниот младински совет на Македонија според Статутот кој што беше донесен ќе биде управуван од органите, Генерално собрание, Управен одбор, Надзорен одбор и извршно тело – Секретаријат. Делегатите на Основачкото собрание ги избраа Ивана Давидовска (ЦИД) за Претседател,  Дона Костуранова (МОФ) – Потпретседател и членови на Управен одбор Иван Јованов (младите можат), Горан Георгиев (Сојуз на извидници на Македонија), Даниел Калајџиески (ХЕРА), Арбен Ристеми (Центар за развој на заедницата) и Анотнио Јовановски (Гоу Грин). Избраниот Управен одбор во текот на Основачкото собрание изготви и план за работење во наредните шест месеци. Според овој план НМСМ ќе се насочи кон поголемо промовирање на улогата на ова тело и начинот на кој што ќе биде да биде воспоставена соработката со институциите.

Целите на НМСМ ги утврдуваат насоките според кои што ќе работи во иднина. Цели се: поттикнување на процеси за креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите; застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации, преку претставување нивните интереси пред институциите; обединување и развој на капацитети на младинскиот сектор преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации; промоција на неформално образование и поттикнување на креирање системи за поддршка на млади на локално и национално ниво; промоција и дејствување кон зајакнување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки; промоција на младински активизам, младинско информирање и активно граѓанство помегу младите; унапредување на еднаквоста, третманот на младите, толеранција и демократијата кај и помегу младите.

Критериумите за членство утврдени со Статутот овозможуваат организациите кои што работата за млади и со млади имаат можност преку нивното учество ги пренесуваат вистинските интереси и потреби на младите луѓе во нашата земја. Критериумите за полноправни членки утврдуваат дека тие треба да имаат млади луѓе во управувачките тела на организациите, да имаат најмалку три годишно искуство во работа на младински прашања, да имаат буџет од најмалку 123.000 денари годишно, како и да имаат опфат од најмалку 300 млади во текот на годината преку најмалку 10 активности.

Притоа младинските организации имаат право на 2 гласа на Генералните собранија, организациите за млади и подмладоците на политичките партии имаат право на 1 глас, додека пак сојузите може да имаат најмногу до 4 гласа.

Целиот процес за основање на Националниот младински совет во Македонија е силно поддршан од Европскиот младински форум кој што е најголемата чадор организација во Европа која што ги преставува и ги застапува правата на младите пред меѓународните институции. Претседателот на Европскиот младински форум Петар Матјашиќ уште еднаш нагласи дека Европскиот младински форум одблиску го следи целиот процес, но уште повеќе го подржува и учествува во градењето на неговите капацитети. Всушност оваа поддршка е дел од стратешката определба на Форумот да работи на поддршка на младинските права. Всушност, основање на ваков совет во Македонија ќе доведе до поголема инклузивност на младите луѓе во Македонија во сите процеси на донесување на одлуки. Европскиот младински форум и во иднина ќе продолжи со директна поддршка на неговата работа се со цел во иднина се исполнат сите критериуми за интегрирање на македонскиот совет во Европскиот младински форум.

Националниот младински совет по неговото основање во Струга пред себе има голем број на предизвици. Пред се НМСМ во следниот период ќе започне интензивна комуникација со сите институции во нашата земја кои што имаат надлежност на младинските прашања се со цел да поттикне структуриран дијалог при донесувањето на одлуките. Пред, НМСМ ќе биде гласен преставник на младинските интереси во нашата земја, а чија што крајна цел ќе биде подобрување на положбата на младите во нашата земја. Истовремено Националниот совет ќе има и голема улога во зајакнување на младинскиот сектор во нашата земја, преку негово вмрежување и поддршка на организациите, а на тој начин директно младите луѓе ќе имаат придобивка во вклучување на поквалитетни и одржливи активности.

На крајот Претседателката Ивана Давидовска нагласи дека очекува институциите и сите релевантни чинители ќе ја препознаат оваа автентична и демократска иницијатива, која што има единствена цел да ги подобри процесите на донесување на одлуки. Со тоа, пак ќе се овозможи диреткно остварување на правата на младите за нивно учество.


Организации основачи на Националниот младински совет на Македонија

 
Сојузи

Сојуз на извидници на Македонија
Црвен Крст на Македонија

Младински организации

АЕГЕЕ Македонија
Бујрум – Центар за рурален развој –Куманово
Гоу Грин – Скопје
Европско здружение на студентите по право во РМ – ЕЛСА РМ
ЕМСА Македонија
ИАЕСТЕ Македонија
Исламски Младински Форум
Клуб на Оратори – Скопје
Крекатив – Скопје
Младите можат – Скопје
Младински oбразовен форум – Скопје
Млади европски федералисти
Младинска Алијанса – Тетово
Младински Совет-Струмица
Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација-РРОМА
Европски центар СН 7 – Тетово
Cr8ive8 – Скопје
Здружение на граѓани за демократија „Тогетхер Мацедониа“ – Битола
Форум на Млади – Битола
Центар за меѓукултурен дијалог – Куманово
Центар за развој на заедницата – Кичево
Организација Совет за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД

Организации за млади

АКВА – Струга
Демократска обнова на Македонија – МОДОМ
Демократска унија за интеграција
Здружение за развој на ромската заедница “Сумнал
Младински културен центар – Битола
Мултикултура Тетово
ЛИДЕМ – Либерал демократска младина
Регионален центар за оддржлив развој – Гевгелија
Организација на жени на Св. Николе
Младинска организација на Демократска партија на Србите во Македонија
НСДМ – Нова социјал демократска младина
Унија на Млади Сили на ВМРО-Народна партија
ЦИВИЛ – Центар за слобода
Здружение на млади АУРОРА- Тетово
Млади социјалисти на Македонија
Демократски Сојуз на млади
Центар за одржлив развој на заедницата-Дебар
СДММ- Социјал демократска младина на Македонија
Х.Е.Р.А.
Фондација “Фокус” – Велес
Фондација ПСМ
Економска едукација за млади менаџери – Junior achievment
Фондација за развој на локалната заедница ФРЛЗ – Штип
РЕАКТОР – Истражување во акција
Центар за развој и унапредување на јавниот живот – Тетово
Фондација Метаморфозис – Скопје

Придружни членки

Здружение за заштита на културниот идентитет на Египќаните ИЗИДА 41/21 Ресен
Младински Сојуз – Крушево
СТАР-СТАР Скопје
Институт за развој на заедницата – Тетово
СИРМА – Куманово

Извор: fakulteti.mk „Основан е националниот младински совет на Македонија“

Организации основачи на Националниот младински совет на Македонија

 

 

Сојузи

 


Сојуз на извидници на Македонија

Црвен Крст на Македонија


 

 

Младински организации

 


АЕГЕЕ Македонија

Бујрум – Центар за рурален развој –Куманово

Гоу Грин – Скопје

Европско здружение на студентите по право во РМ – ЕЛСА РМ

ЕМСА Македонија

ИАЕСТЕ Македонија

Исламски Младински Форум

Клуб на Оратори – Скопје

Крекатив – Скопје

Младите можат – Скопје

Младински oбразовен форум – Скопје

Млади европски федералисти

Младинска Алијанса – Тетово

Младински Совет-Струмица

Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација-РРОМА

Европски центар СН 7 – Тетово

Cr8ive8 – Скопје

Здружение на граѓани за демократија „Тогетхер Мацедониа“ – Битола

Форум на Млади – Битола

Центар за меѓукултурен дијалог – Куманово

Центар за развој на заедницата – Кичево

Организација Совет за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД


 

Организации за млади

 


АКВА – Струга

Демократска обнова на Македонија – МОДОМ

Демократска унија за интеграција

Здружение за развој на ромската заедница “Сумнал

Младински културен центар – Битола

Мултикултура Тетово

ЛИДЕМ – Либерал демократска младина

Регионален центар за оддржлив развој – Гевгелија

Организација на жени на Св. Николе

Младинска организација на Демократска партија на Србите во Македонија

НСДМ – Нова социјал демократска младина

Унија на Млади Сили на ВМРО-Народна партија

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Здружение на млади АУРОРА- Тетово

Млади социјалисти на Македонија

Демократски Сојуз на млади

Центар за одржлив развој на заедницата-Дебар

СДММ- Социјал демократска младина на Македонија

Х.Е.Р.А.

Фондација “Фокус” – Велес

Фондација ПСМ

Економска едукација за млади менаџери – Junior achievment

Фондација за развој на локалната заедница ФРЛЗ – Штип

РЕАКТОР – Истражување во акција

Центар за развој и унапредување на јавниот живот – Тетово

Фондација Метаморфозис – Скопје


 

Придружни членки

 


Здружение за заштита на културниот идентитет на Египќаните ИЗИДА 41/21 Ресен

Младински Сојуз – Крушево

СТАР-СТАР Скопје

Институт за развој на заедницата – Тетово

СИРМА – Куманово

Поврзани натписи