Мени

Политика за информатичко општество на ЕУ во наредните години

Европскиот комесар за информатичко општество и медиуми, Вивиен Рединг, минатата недела учествуваше на работниот појадок организиран од Европската асоцијација за дигитални медиуми (EdiMA) и одржа говор во кој ги нагласи клучните области на политиките на ЕУ за информатичко општество за наредната комисија.

Вивиен Рединг инсистираше претседателот Баросо да ја соопшти неговата посветеност да се дефинира, во работењето на наредната Комисија, амбициозна Европска дигитална агенда предвидена да се усвои во март 2010, насочена кон справување со главните пречки за оригинален дигитален пазар преку користење на законски мерки.

Таа исто така ги истакна петте главни области каде е потребно Комисијата да преземе проактивни мерки.

1. Масовна дигитализација на книги и дела-сирачиња. г-а Рединг ја изрази нејзината разочараност во однос на развојот на Еуропеана, Европската дигитална библиотека и инсистираше на „модерен комплет европски правила со кои се охрабрува дигитализацијата на книгите, вклучувајќи еден или повеќе европски регистри“.

„Ако не делуваме брзо, наскоро граѓаните на САД не само што ќе имаат корист од најголемата понуда на дигитални содржини, туку исто така ќе имаат пристап до речиси 10 милиони книги, вклучително и дела-сирачиња кои во најголем дел се дел од нашето Европско културно наследство. Бидејќи европските граѓани, студенти, наставници и истражувачи нема да можат да го сторат истото, постои вистински ризик од создавање на нов дигитален јаз преку атлантскиот океан“ нагласи Комесарот.

2. Усогласен единствен европски пазар со појасни правила со кои им се овозможува на корисниците слободно да купуваат и користат содржини каде било, во кое било време и на која било платформа. На оваа тема, Комесарот предложи документ за размислување околу неколку можни опции за политика и законодавство насочени кон олеснување на мултитериторијалното или лиценцирањето на ниво на ЕУ за дигитална содржина. Таа ја одби групата за авторски права насочена кон координација на политики – како што беше предложено од EDIMA – и се заложи за заедничка цел на клучните директорати во комисијата „модерна, насочена кон корисниците, про-конкурентна рамка за дигитализација, пристап и лиценцирање на дигитални содржини на интернет низ 27-те земји членки на ЕУ.“

3. Усвојувањето на глобалниот стандард за веб-пристапност, новите Насоки за пристапност на содржините на интернет.

4. Индустријата и потрошувачите треба да работат заедно за европски систем на марки од доверба.

5. Неутралност на мрежата. Рединг го пофали Европскиот парламент за „зајакнувањето“ на одредбите во врска со неутралноста на мрежата во телекомуникацискиот пакет и предложи да се одржи широка дебата во 2010 г. на оваа тема. Комесарот исто така потврди дека е голем поборник за неутралноста на интернетот:

„Би била подготвена да дејствувам на ова поле во случај на континуирано блокирање на VoIP услуги од одредени мобилни оператори. Новиот телекомуникациски пакет во многу наврати претставува прилично цврст одговор на таквите нови закани за неутралноста на интернетот. Сепак, исто така знам дека технологијата и регулативата уште повеќе ќе еволуираат во наредните години. Планирам да бидам на првата одбранбена линија на Европа кога и да се појават вистински закани за неутралноста на интернетот“.

Ова се чини контрадикторно со тековниот текст на телекомуникацискиот пакет, остро критикуван од граѓанското општество, а особено поради тоа што не обезбедува доволно мерки за заштита на неутралноста. Освен тоа, дискусиите помеѓу Комитетот за усогласување на ЕП и Советот на Европа се чини дека одат во спротивна насока: да не се иницираат повторно преговорите за предметите на неутралност на мрежата.

Opening the Package “too risky” for EU (28.09.2009)
http://www.iptegrity.com/index.php?option=com_content&task=view&am…

Concerns About Article 20, 21 and Recital 26 of the Telecoms Package (27.09.2009)
http://www.laquadrature.net/en/concerns-about-article-20-21-and-recita…

Извор: ЕДРИ-грам „Reding: EU policy for information society for the next years” бр. 7.19, 7 октомври, 2009

Поврзани натписи