Мени

Последен повик за петиција за владината употреба на биометриски податоци на граѓаните

Меѓународната алијанса „Оставете ги биометриските податоци“ со петиција ќе побара од Советот на Европа да започне истрага за собирањето и задржувањето на биометриски податоци од страна на земјите-членки.

Европските влади сè повеќе бараат да се задржуваат биометриските податоци (отпечатоци од прсти и слики) на луѓето. Тука спаѓа нивното складирање на бесконтактни РФИД чипови во пасошите и/или личните карти. Некои од нив одат уште подалеку и спроведуваат зачувување на нивните биометриски податоци во бази на податоци, на пример, Франција, Литванија и Холандија.

Овие практики се сами по себе опасни. Во едно демократско општество, собирањето на биометриските податоци на целото население е непропорционално и непотребно се коси со нашето право на приватност (член 8) и други права заштитени од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП). Поради тоа, владата на Обединетото Кралство неодамна се откажа од политиката на собирање на отпечатоци од прсти од граѓаните. Сепак, повеќето земји собираат отпечатоци од прсти од луѓе кои не извршиле кривично дело.

Затоа Алијансата итно ќе побара од генералниот секретар Јагланд на Советот на Европа да побара од вклучените земји да објаснат дали нивниот државен закон за оваа област е во согласност со Европската конвенција и пресудите на Европскиот суд за човекови права. Така, земјите-членки ќе треба да решаваат за прашањата во врска со пропорционалноста, супсидијарноста, ефективноста, безбедносните мерки и „усогласеноста со законот“.

Петицијата досега е поддржана од Прајваси интернешнл, ЕДРи и неколку други бранители на граѓанските права од 15 европски земји и 7 земји надвор од Европа.

Крајниот рок за испраќање на вашата поддршка е 18 март 2011 година.

Петиција до Советот на Европа во Стразбур

Извор: ЕДРИ-грам „Final call for petition on government use of citizens’ biometrics“ бр. 9.5, 9 март, 2011.

Поврзани натписи