Мени
fast_video_download

Преземање на вградени видеозаписи од веб-сајтови

Fast Video Download е мала, но моќна алатка што се интегрира во интернет прелистувачот Мозила Фајрфокс и се користи за преземање видеозаписи од интернет. Функционира како додаток на прелистувачот, што значи дека користи малку системски ресурси и може да го извлече максимумот од вашата интернет конекција со одлични резултати.

Со едно кликнување, Fast Video Download (FVD) ги зачувува вградените видеозаписи од следните сервери за хостирање на видеозаписи:

YOUTUBE, ag.ru, angryalien.com, animeepisodes.net, badjojo.com, break.com, bublare.dk, current.com, dailymotion.com, hi5.com, metacafe.com, vids.myspace.com, mult.ru, putfile.com, Streetfire.net, vidiac.com, и video.google.com 

fast_video_download

 

Со само ЕДНО кликнување на иконата на FVD сместена во аголот на статусната лента или иконата на лентата со алатки, FVD веднаш отвора прозорче „Save As” со насловот на видеото и неговата екстензија (формат).

FVD може да го избере кој било мултимедиски линк од вградените објекти или линкови од обични страници. Доколку има само еден линк, веднаш се отвора стандардниот прозорец за дијалог.   

 

Обработка на вградени видео објекти од ЈуТјуб: специјален линк за преземање се појавува под секој вграден Флеш плеер на ЈуТјуб на вообичаените страници како што се блоговите или интернет форумите.
FVD ги поддржува менаџерите на симнувања DownThemAll и FlashGot: интеракцијата со овие менаџери може да ја вклучите во менито со опции на програмата.

Локализиран на следните јазици:

ca-AD, de-DE, eu-US, es-CL, es-ES, fa-IR, fi-FI, fr-FR, hu-HU, id-ID, it-IT, ja-JP, ko-KR, mk-MK, nb-NO, nl-NL, pl-PL, pt-BR, pt-PT, ru-RU, sk-SK, sr-YU, th-TH, tr-TR, zh-CN, zh-TW.

Познати проблеми:

1. Понекогаш Фајрфокс не може да го започне преземањето (со прозорче за преземање) сè додека не се отвори страницата со видеоплеерот или додека видеозаписот не се вчита целосно. Може да станува збор за ограничувања и на прелистувачот и серверот.
2. FVD не може да симне видеозапис од вграден ЈуТјуб плеер доколку оригиналната видео страница бара пријавување за да биде разгледувана (еротски или слични видеозаписи). Потребно е да одите до оригиналната страница и оттаму да го преземете видеозаписот.

Преземете го Fast Video Download

Извор: Додатоци за Мозила Фајрфокс

Доколку не сакате да го инсталирате Fast Video Download, постои и друг (потежок) начин за зачувување и наоѓање на преземените видеозаписи во вашиот компјутер:

1. Во Интернет Експлорер, од лентата со алатки изберете го паѓачкото мени Tools, и од него изберете Internet Options.
Во делот Browsing History, кликнете Delete и во наредниот прозорец кликнете Delete Temporary Files за бришење на привремените интернет датотеки.
Ова се прави со цел потоа полесно да ги најдете потребните преземени датотеки, без да пребарувате низ стотици други што не ве интересираат.

2. Користејќи го прелистувачот Интернет Експлорер, посетете некој од веб-сајтовите со вградени видеозаписи (на пр. ЈуТјуб) и почекајте целосно да се вчита избраното видео.

3. Потоа, отворете ја папката Temporary Internet Files (Tools-Internet Options-Browsing History-Settings-View Files) и побарајте датотека со екстензија „.flv“ „.dat“ или „File”. Видеозаписот ќе може уште полесно да го најдете доколку ги подредите датотеките по големина, затоа што видеата обично се многу поголеми од останатите привремени интернет датотеки. Доколку папката Temporary Internet Files сте ја отвориле пред да заврши вчитувањето на целиот видеозапис, притиснете го копчето F5 за да се освежи папката и се додаде новата видео датотека.

Кога ќе ја пронајдете бараната датотека, копирајте ја во некоја ваша папка и преименувајте ја но запомнете на крајот од називот да ја додадете екстензијата .flv (на пр.: Paul Oakenfold – Southern Sun.flv)

Датотеките во .flv формат може да се репродуцираат со Media Player Classic, FLV Player, VLC Media Player и др.

 

Кире Димиќ

Поврзани натписи