Мени
Arizona_Four_Robots

Проект Лондон – кинематографијата го прифаќа слободниот софтвер

Проект Лондон е акционен долгометражен филм во независна продукција, речиси без буџет, со живописни и интензивни визуелни ефекти и анимации создадени со слободниот софтвер Blender (и друг традиционален софтвер) и со помош на околу 250 волонтери ширум светот.

Филмовите базирани на софтвер со отворен код (познати и како филмови со отворена/бесплатна содржина) се филмови кои се произведуваат и дистрибуираат со помош на методологии за слободен софтвер.

Arizona_Four_RobotsВо филмот, вонземјаните ја населуваат земјата по бегството од нивната планета која умира. Заедничката команда – воена организација составена од луѓе и „налардијци“ владее со населението со железна тупаница, а нејзин единствен противник е движењето на отпорот познато како Лондонското подземје. Звучи како сценарио на холивудски блокбастер, а филмот речиси и да нема буџет. Проектот Лондон содржи повеќе од 780 компјутерски генерирани ефекти кои ги оживуваат акционите секвенци, футуристичката околина и огромните борбени роботи  – со помош на слободен софтвер. Наместо купување софтверски лиценци и вработување кадар, „анти-холивудскиот“ проект се потпре на слободниот софтвер Blender и артисти-волонтери. Некои се од САД и Канада, други од Европа, а еден дури од Малезија.

Во 2009 година, Хјуберт и извршните продуценти Нејтан и Фил Меккој ги снимаа акционите секвенци речиси без никакви трошоци. Следуваа илјадници часови постпродукција и, како што се развиваше филмот, така се развиваше и Blender заедницата.

Извор: Wired.co.uk “Project London: Filmmaking goes open-source”
            http://projectlondonmovie.com/

Поврзани натписи