Мени

Промоција на публикации од областа на заштитата на личните податоци


Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) и Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), на 7-ми јуни, ги промовираа публикациите: „Коментар на Законот за заштита на личните податоци“ и „Прирачник за практично спроведување на Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податици“, дела кои имаат за цел да го подигнат на нивото на заштита на личните податоци.

PromocijaКоментарот на Законот за заштита на личните податоци ја следи систематиката на Законот и служи како алатка за негово подобро разбирање и спроведување. Од друга страна, Прирачникот за практично спроведување на Правилникот, ги објаснува начините и нуди решенија за  контролорите и обработувачите во процесот на  обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во зависност од природата на податоците што се обработката и ризикот при обработката на личните податоци.

Според Валентина Димковска од ДЗЛП, иако Законот за заштита на личните податоци е целосен усогласен со европските стандарди, и добил пофалби од релевантните европски институции, сепак има простор за негово подобро спроведување.

Во пресрет на одбележувањето на петгодишнината од воспоставувањето на законската рамка за заштита на личните податоци во Република Македонија, Коментарот на Законот ќе има за цел да придонесе кон надминување на идентификуваните проблеми во поглед на остварувањето на заштитата на личните податоци.

Покрај публикацијата, бројните гости имаа можност да постават прашања кои се однесуваат на заштитата на личните податоци, а претставниците од ФИООМ и ДЗЛП, преку примери и презентации објаснуваа сегменти од  Законот за заштита на личните податоци кои што од страна на присутните беа посочени како проблематични при практичната примена на Законот..

Публикациите се резултат на долгогодишната соработка на Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Извор: www.soros.org.mk

Поврзани натписи