Мени
ping_logo

Развиен WordPress плагин за интегрирање на копче за Ping.Mk

ping_logoФондацијата Метаморфозис со задоволство ви го претставува WordPress плагинот (plugin) со кој ќе имате можност да додадете копче за пријавување на напис на македонскиот агрегатор за вести Ping.mk. Плагинот е развиен од страна на Борис Кузманов, кој најави дека следната верзија ќе ја има можноста и за интегрирање на копче кое овозможува гласање на написот.

Преземете го плагинот: Ping.mk Share Button.

Следува мала инструкција како да го инсталирате плагинот на вашиот WordPress сајт:

1. Преземете го плагинот Ping.mk Share Button.

2. Најавете се на вашиот WordPress сајт. Од левата страна, од менито кликнете на „Plugins“ и потоа на „Add New“.

Add_new

3. Откако ќе ви се отвори екранот за инсталирање на дополнителни компоненти, од менито кое ќе се појави во горниот дел од екранот кликнете на „Upload“.

upload_plugin

4. Во следниот чекор кликнете на копчето „Browse“, лоцирајте го претходно превземениот плагин на вашиот диск и кликнете го копчето „Open“. За да започнете со инсталација на плагинот кликнете на „Install Now“.

file_upload

5. Ќе ви се отвори екран во кој може да го видите прогресот на инсталацијата на плагинот. Кога ќе ја видите пораката „Plugin Installed successfully (Плагинот е успешно инсталиран)“, кликнете на линкот „Activate Plugin“ за да го активирате плагинот.

activate_plugin

6. Со оваа постапка го инсталиравте плагинот на вашиот WordPress сајт и сега потребно е да го конфигурирате. За да го направите тоа, од левата страна, од менито изберете „Settings“ и потоа од дополнителните линкови кои ви се појавуваат изберете Ping.mk.

settings

7. Во овој екран може да изберете како и каде да се појавува копчето за пријавување на написи на Ping.mk. Откако ќе ги прилагодите сите опции кликнете на „Зачувај промени“.

ping.mk_opcii

8. Проверете го вашиот сајт и во деловите кои ги имате избрано да се прикажува копчето, сега ќе го има копчето за споделување на Ping.mk.

Фондацијата Метаморфозис му се заблагодарува на Борис Кузманов за покажаната иницијатива за развивање на WordPress плагинот за интегрирање на копче од Ping.Mk.

Поврзани натписи