Мени
6516F0E3B07A2A4183E44908B6726D66

Регионална конференција за образование на Microsoft: „Вистинско влијание за подобро образование“

Microsoft Македонија и Public Sector Microsoft CEEIt во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија организираат Регионална конференција за образование на 4 декември, 2013 година во хотелот Александар Палас.

6516F0E3B07A2A4183E44908B6726D66Ова е можност да се научи како да се користи технологијата за подобрување на образованието и учењето, за создавање можности и подигнување на животниот стандард на луѓето во земјата. Учествувајте на настанот на кој ќе бидат изложени решенија и најдобри практики кои му вдахнуваат живот на учењето во и надвор од училницата, овозможувајќи им на лидерите во образованието да изградат нова перцепција за начинот на кој технологијата може да го модернизира учењето и да ги подобри резултатите.

Организаторите на настанот сметаат дека:

1 ) Одличното образование е основно право и општествен императив
2 ) Технологијата може да ги забрза учењето и влијанието
3 ) Ефикасното, впечатливо учење дава подобри резултати
4 ) Заедниците на посветени учесници кои се отворени за соработка, се важни за унапредување на образованието

Регистрирајте се за учество на Регионалната конференција „Вистинско влијание за подобро образование“ и дознајте како може да започнете вистински да влијаете за подобро образование:

  • Забрзување на економскиот раст
  • Поддршка за младите
  • Поттикнување локални иновации
  • Справување со општествените промени

Ова е ретка можност да се слушнат приказни за големи успеси и најдобри практики од истакнати директори на Microsoft и од експерти во областа на образованието, да се видат вистински проекти на наставниците, но и одлична можност за вмрежување и размена на искуства меѓу претставниците од Македонија, Косово, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина и од другите земји од регионот.

Агенда за конференцијата

Извор: amcham.com.mk „Regional Microsoft Education Conference- Real Impact for Better Education“

 

Поврзани натписи